Умислени сељачишта со нови аута...
Синоќа еден во ганц ново БМВ 320д ми возеше браник до браник цело време..
Се качивме на Гранит мостот за да вртиме лево накај Ченто и фраерот се обиде мангупски од десно да ме помине (наместо да ме чека, бидејки е една лента) и да ми се пикне во макази пред мене бидејки неговата лента завршуваше после 100м па мора да влезе во мојата.
Во трета бев, само цапнав ..го изрика БМВ то..си остана позади, му снема лента и ко попче си се врати пак позади мене.
До семафорите црвени, пак браник до браник, се упали црвено и овој пак застана од десно понапред ( наместо да чека) и тогаш видов дека е
320Д..
Викам , ај крши глава.