Па го имам истиот мотор, и правев опширни истражувања на таа тема. Сите истражувања го дадоа заклучокот дека овој мотор е осетлив на плин, и после 40.000км треба да се вади декла, и да се менуваат ситзови и вентили, т.е полуремонт. 40.000км, по некоја причина испадна дека е киломентражата на која се расипуваат не само Hyundai-ините возила, туку и сите останати. Уште побрзо се расипуваат доколку возилото се вози на отворен пат, на повисоки вртежи, а смрт е газењето. На пазарот постојат зајакнати заменски делови за декла, кои се позидржливи на повисоката работна температура која ја создава плинот, но и тоа е скапа и неисплатлива инвестиција за нова кола.
Имам отворено и тема за возила осетливи на плин, нивниот број е многу голем, но 95% од сопствениците не се свесни за овој податок, некои се свесни и повторно го вградуваат плинскиот уред, затоа што цената на бензинот е астрономски висока, па се прекрстуваат и се надеваат дека проблемите нив ќе ги забоколат. Да имам стара канта до 3000 евра, би ризикувал со плин. Но нова кола не планирам да ја правам ремонт, за ремонт се купува стара кола.
Неколку прашања:
-Дали кај тебе рекетките за жмигавци често не се враќаат во неутрална позиција после кривина?
-Колку често менуваш сијалици?
-Дали во трета брзина се случува да направи трза колата кога отпушташ кумплуг?
-Како ти е поврзан плинот, дали покажува просечна потрошувачка на плин на борд компјутерот? Колку ти троши на отворено, градска, просек, на бензин и на плин? Кој тип на плински уред, каде е инсталиран?