Автор Тема: Радио во Опел агила  (Прочитано 3139 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Радио во Опел агила
« на: 23 Јуни 2011, 21:05:35 pm »
Вака сега станува збор за опел агила крај на 2004 година производство. Колата е фабрички дојдена без радио. Денес отворивме да видиме за оргинално радио сака дечкото да стави во неа оди Blaupunkt CAR2003. Е арно ама ИСО конекторот има поврзано сите звучници и струјата, но на конекторот за дисплејот(се користи тој во колата како и на Корса на пример) нема кабли ниту пинови за него. Значи го има конекторот комплет со исо и се но делот за дисплеј е празен. Незнам како е можно ова  :-\. Дали некој од дечкиве кои се занимаваат со аудио би можел да го среди ова или нема воопшто чаре, јас колку што гледав неможев да лоцирам друг конектор освен тој за ОБД. Па молам за малце помош  :)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Радио во Опел агила
« Одговори #1 на: 23 Јуни 2011, 22:30:21 pm »
Почудно е што на тој конектор се наоѓаат напојувањата и масата, како и сигналот за брзината на возилото и  нормално врската со дисплејот.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Радио во Опел агила
« Одговори #2 на: 23 Јуни 2011, 22:37:07 pm »
Зошто е тоа почудно? Ко што гледам по нет така обично одат конекториве исо конекторот за струја за радиото и звучниците и конектор за дисплејот(треба посебно да биде овој за дисплеј?)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Радио во Опел агила
« Одговори #3 на: 24 Јуни 2011, 08:24:19 am »
Да погледнеш убаво да не е испикан некаде конекторот, не ми се верува дека е толкава утка направена, иако се е можно.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Радио во Опел агила
« Одговори #4 на: 24 Јуни 2011, 11:04:51 am »
Ај ќе видам после убаво да се нурнам внатре  :D