ЈТД е комон реил мотор без бош пумпа, со ињектори (и мислам плус некоја пумпа бризгалка?).
Ги има 105 коња кај браво и брава, одлични мотори...
ТД се бош пумпа турбо дизелаши.
Ги има 75 и 100 коња од кои 75 коњската изведба е доста тромава ама брка работа.
Лошо кај ТД не знам, потроми се и би требало за нијанса да трошат повеќе...
За маана кај ТД не сум слушнал, ако знае некој ќе се надоврзе.
ЈТД е побрз, потивок, поагилен и би требало да е поекономичен.
Лоша страна да речеме дека ако рикне ињектор е скап за промена како и кај секој комон реил дизелаш.
Двата мотора имаат турбо, така да тука ризикот ти е ист... Ако недај боже дојде ред да менуваш турбина.