Направив набрзина и направа за правење сечила од остатоци од осб плоча и рачка од чадор и две стеги за црево, олеснително би било да имав брусилка со ремен,некако многу работа има за да ја правам сам засега, а се нелогично скапи, овај метод ја брка истата работа само зема време..
Успат најдов некој добар челик низ гаража со добра дебелина ќе идам да ги исечам калапи утре надвор од градот да не галамам со брусалицата 2 сати, сите стари луѓе се околу куќа.
Сеа наредно треба да ги ојачам во оган и масло, ама немам бренер јак,барам шамотни тули ако се викаат така да ми дај некој 2-3 за mini forge . Имам стара скара од бојлер ќе ја распалам со ќумур и ќе видам со кулер од стар компјутер и цефка му присилам константен ветер за да кренам температура од околу 800ц
Еве некој слик ако го интересира некој: