За парите ќе земеш премиум возило, ама имај во предвид дека и одржувањето за тоа возило има премиум цени, макар го средувал и кај маалски мајстор.
Конкретно, таа генерација на Ц-класа е позната по проблеми со електроника, па јас би ја заобиколил, освен ако не ти е од пресудно значење да возил кола со нишан на хауба.
Јас би гледал А4 1.9 TDI со 130 коња или некаква соодветна варијанта на E46 320d. Не би ми била важна километражата колку што би ми била важна генералната состојба на колата.
Во секој случај, што и да земеш, избуџетирај менување на турбина во следните 6-12 месеци.