Ајде малку да кажам зошто се одлучивме за Опел? Кога разговарав со пријателот од Германија кој се занимава со продажба на коли ми рече прво вака. "Купи марка на кола за која што имаш добар мајстор за одржување. Пошто единствен добар мајстор за кого знам и ми потврдиле дека е одличен е Маршер од форумов се одлучив да земам Опел. Корса бидејќи ми требаше мало Градско возило за сопругата а автоматик бидејќи таа има возено до сега две коли со автоматски менувач па не сакав да и го кршам филмот. 1.2 бензин по препорака на докторот за Опел.
Колата е многу добро сочувана. Пристигна со 4 нови зимски гуми Барум со 4 нови раткапни, резервни челични фелни, со поминат редовен сервис на 11 декември 2012, со фактура од проверка на предница, кочници, течности, клима, Дијагбостика, проверка на мотор и километража и тн. Но сепак бидејќи сакам да сум 100 % сигурен, чим ја регистрирам одам кај Маршер на систематски да ја прегледа и го потврди горе кажаното.
Денс ја поминав на царина и завршив хомологација, другото од понеделник.
Инаку ја провозев денеска малку, одлично е моторчето, многу тивко работи и супер си влече.