Епа луѓе како што најави
Mihail, денеска се работеше нешто... поточно изгоревме на сонцето работејќи
среќа пивцето не ладеше...
Како и повеќето членови на форумот и ние да не останеме покуси
, решивме сами да местиме звучна/топлотна изолација во мојот автомобил (Peugeot 407). Сега за сега наместивме само во багажниот простор, за капакот и вратите наскоро ќе местиме бидејќи сега немаше да ни стигне изолацијата.
Како што кажаа
Tome-Cold и
velestrumf во некои од постовите, изолацијата ја набавив од Клима-Комерц (Капиштец/Млечен), воглавном се користи за изолација на клими (цевки) да не создаваат кондезација.
Возилото додуша имаше секаде изолација каде што отворивме, но не на каросеријата дирекно туку на капаците/теписоните и сл.
Најпрво го извадивме теписонот од багажникот и го употребивме како мостра за да ја нацртаме формата на гепекот. Како најголемо парче прво него го исековме за случајно да не не ни стигне.
Прво намонтиравме изолација на најдолната точка, поточно под резервната гума (некој вид на круг).
Пред:
Потоа:
Потоа преминавме на станичните елементи, бидејќи имаат капаци ќе мора први да се намонтираат па потоа големото парче на гепекот.
Пред:
Потоа:
Се трудевме колку може да изгледа "послеано" т.е од едно парче да може поголема површина да се залепи.
Пред:
Потоа:
Ги затворивме капаците од страничните елементи и преминавме со монтажа на најголемото парче изолација кое ќе биде под површината на теписонот на самиот гепек.
Сликано од задните седишта.
Финално наместена изолација.
А, еве ги "мајсторите" со VW клуб маички што работат на Peugeot
.
Дополнително ќе пишувам за капакот на гепекот и за вратите (ако успееме да ги отвориме).
APD