Автор Тема: Направи сам биодизел  (Прочитано 3100 пати)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Направи сам биодизел
« на: 14 Јули 2012, 14:24:57 pm »
Ми стигна некоја понуда за машини за производство на биодизел, некои смешни суми од 3000 евра по машина...

Знае некој повеќе за ова? Нема многу информации на веб страната

http://www.biodizel.mk/

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Направи сам биодизел
« Одговори #1 на: 14 Јули 2012, 14:29:33 pm »
Ти веруваш во ова?

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Направи сам биодизел
« Одговори #2 на: 14 Јули 2012, 14:32:12 pm »
Што има да не се верува, има луѓе кои го сами произведуваат биодизел и не е ништо ново. Во глобала се сведува на отстранување на глицеринот и нечистотијата од стари масла за готвење и слично.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Направи сам биодизел
« Одговори #3 на: 14 Јули 2012, 15:20:05 pm »
Мислам дека машините беа поскапи,еден другар мој беше заинтересиран да купи,но можеби тие машини тој шо ги гледаше беа со поголем капацитет.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Направи сам биодизел
« Одговори #4 на: 17 Јули 2012, 01:00:30 am »
Ми стигна некоја понуда за машини за производство на биодизел, некои смешни суми од 3000 евра по машина...

Знае некој повеќе за ова? Нема многу информации на веб страната

http://www.biodizel.mk/

поскапи се машините од тие 3000 евра... да не енекоја финта од типот, земи ова, па кога ке ја лапнеш јадицата е сега брат, ти треба и ова..

инаку се бачкам ја некое време со био дизел, сам си го спремам, и можам комотно да кажам и објаснувам што и како, само една најава, дека со ова јас што го правам е САМО ЗА ПУН ДИЗЕЛ т.е. за класика дизел мотори, без електроники и глупости...

СУНИ ЛЕНС е една фирма кај нас во МК која произведува био дизел, врши откуп на искористено масло и производство на био дизел кој одговара на сите типови на дизел агрегати вклучително и на оние кои се со сите можни електроники. целиот процес на добивање на био дизел и не е така евтин и едноставен.. во сегашни услови, кога ке се пресмета од набавка на суровина, машни, експлоатација-амортизација, плати на вработени, кирии, смештај, хемикалии, струја, вода и ред други работи се стига до цена од околу 55 денари за литро... зборам за еден таков сложен процес на биодизел кој е погоден за сите дизел агрегати...

ова јас што го правам ми излага околу 12-14 денари литро... и комотно кажувам дека возилата што ги возиме на овој биодизел сами по себе си се испалтија и зарабптија (уштедија) за уште по 2-3 такви исти...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Направи сам биодизел
« Одговори #5 на: 17 Јули 2012, 13:39:46 pm »
А да ти купам јас 5 тони нафта :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Направи сам биодизел
« Одговори #6 на: 17 Јули 2012, 13:51:49 pm »
сеа ти текна кога поскапе?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Направи сам биодизел
« Одговори #7 на: 17 Јули 2012, 23:42:19 pm »
А да ти купам јас 5 тони нафта :)

не сум ја пумпаш па да шиткам НАФТА... овде се дискутира за био дизел, а не за нафта... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Направи сам биодизел
« Одговори #8 на: 18 Јули 2012, 15:31:56 pm »
епа да ти купам 5 тони био дизел гориво. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Направи сам биодизел
« Одговори #9 на: 19 Јули 2012, 02:36:37 am »
епа да ти купам 5 тони био дизел гориво. ;D

немам толики капацитет... башка од мојов био дизел, позади возило мириса на изгорени компири... значи од ова има позитивни и негативни страни....
позитивни:
-на улица позади тебе некој ти свирнува за глупост некоја, или оние што свират на жолто на семафор пред да се запали зелено... е па тогаш натепуваш пуна гас едно 2-3 секунди и ке се покае што тоа го направил ;D
-обавезно локалното куче или неколку од нив ти спијат под возило, рачунај, заштитено ти е ;D
-еднаш некој се дрзнал да ми краде нафта од резервоар... освен малата штета по капачето, си добив гратис црево со пумпица и туба од 10 литри. а да.. имаше и плукано околу возилото на земја... му се згорчил животот на лоповот ;D
-за економично возење, веке зборевме, ама да повторам за секој случај
-покрај тоа што самото возење на ова гориво е поекономично поради цената, за мене необјасниво е зашто и во литража се намалува потрошњата. пикапот трошеше 7-7,5 сега троши 6-6,5... необјасниво ми е, ваљда заради густината на горивото.

негативни:
-кога точиш од горивото, неподнослива миризба што потсеќа на евтина биртија околу тебе се шири... или оние што се од скопје, ке им го доловам моментот... исто е како кога проаѓате со кола пред љуц... ;D
-мирисот, согорениот иако е ептен еколошки, значи стварно е еколошки, сепак е неподнослив доколку ти пушта некој прстен или спојка на ауспухот, а притоа имаш слабо изолирано возило.
-филтер за нафта мењаш на секои 3-4000 километри...
-ако имаш пловак на резервоарот, веројатно ке ти се залепи после некое време. затоа ке мораш после секое турање на ова гориво да сипнеш и едно литро бензин или барем за 250 денари да наточиш нафта на бензинска... еднаш го накркав до горе резервоарот, па вртев како идиот по улициве за да потрошам...
-моторот губи снага... не многу ама се осеќа дека ја нема таа снага. пикапот идеше 170 ( и сеуште иде толку на нафта) а со ова гориво едвај 145 крева.
-после поминати 5.000 километри на ова гориво, веднаш да престанеш да точиш и да се вратиш на нафта, ке ти треба барем уште 10.000 километри додека да престане да мириса на изгорен зејтин позади тебе... колку и упорно да тураш само чиста нафта, и понатака си мириса на зејтин, не толку интензивно, ама си мириса...
-кога температурите ке паднат под 0 веројатно ако имаш овакво чисто гориво во резервоар, ке имаш мака да запалиш...  во тој период се микса 50-50 биово со норм. нафта... ако отиде под -10 нај убаво е да престанеш да го точиш и да собираш резерви за поубави времиња...

да не направи некој заблуда... овде дискутирам за home made bio diesel fluid, не зборам за биодизелот точен на бензинските... како и да е, не продавам, бидејки несакам да се замарам со ова... али може у прва прилика кога ке идеш навака, да зврцнеш и да се најдеме на кафе мубает па да ти кажам како да постапиш и што ти треба за да си правиш сам... богами, како тргнало со цениве....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време