Конечно најдов малку слободно време да го паркирам возилово во гаража.
Како што кажува насловот, Фиат 500, со 1.2 бензински мотор. Произведено во 2011 година.
Нема некоја филозофија околу погонот, обичен мулти поинт систем за вбризгување со мануелен 5 степен менувач.
Колата е донесена од Швајцарија, со уредна сервисна историја (не го донесов јас лично, јас само го купив од човекот што го донел).
Во моја сопственост е од 96403 километри.
Има Lounge ниво на опрема, што и да значи тоа.
Од дополнителна опрема има:
- автоматска клима
- електрика на стакла
- Алуминиумски фелни
- Еден куп Хром елементи на каросерија
- ЕSР
- АВS
- Панорамски покрив
- Серво волан со City опција
- Некое Windows Blue and Me нешто што се поврзува на телефон ама појма немам како се користи
- УСБ конекција за меморија и чарџање телефон
Возилото е бела перла боја, и е во одлична каросериска состојба.
На 96.800 му направив редовен сервис во Аутомобиле СК и заменив масло и комплет филтри.
Следно е планиран голем сервис со каиши, водна пумпа и сите течности.
Претходниот сопственик му има сменето летва, задни спирали и амортизери. Сите делови се ОЕМ Фиат, и сменети во овластен сервис кај што го одржувал возилото во Швајцарија.
Задниот трап му е подгризан од сол и вода, која веројатно е поагресивна на патиштата во Швајцарија и трапот си го платил данокот. Ќе треба да се истругаат кородираните елементи и да се премачкаат со боја. Не е ништо страшно и може да се вози и така, ама мене ми смета.
Можеби ќе лапне фолии на стакла, и нови патосници.
Десниот фар нема капаче од внатрештата страна.
Тоа би било се.
Не сум поседувал Фиат никогаш претхондо, но сум возел многу Фиати, па ќе видиме како ќе се равива приказната.
Еве и некоја фотографија. Сликани се на денот кога го донесов во Скопје по претходни перипетии околу документи и таблици.
Навлаката на воланот летна уште првите 2 километри позади во гепек. Не ја имам јас ставено.