Купив пежо 607 2000 см3 ,2002 год. и имам еден проблем
Колата има два акумулатора , еден за моторот а другиот е за отварање на врати, прозори и дел од борд комјутерот .
Проблемот е во тоа што има некој потрошувач кој што го празни вториот акумулатор а не можеме да го пронајдеме.
Ако колата не ја возам два до три дена и тогаш кога ќе ја стартувам колата (да ја запалам ) пали без проблем , но последните податоците се изгубени и се појавуваат некои нови и нереални, Откако ќе ја запалам колата светлата . жмигавците се палат се гасат и никако не можам да ги исклучам освен да ја извадам клемата од акумулаторот.
Купив нов акумулатор за позади во багажникот .После неколку дена се појави порака на повеќе наменскиот екран дека е празен (напонот е слаб) на вториот акумулатор(батерија).Со тоа што ги брише податоците од компјутерот (уште колку км има за возење, средна потрошувачка, часовникот и датата трепкаат , мерачот за гориво покажува сосема други вредности) кои се појавуваат на повеќе наменскиот екран т.е ги враќа назад некои предходни податоци . Го наполнив акумулаторот , и после неколку дена пак истата порака се јави.
Ја однесов колата во Еуроимпекс Скопје да го пронајдат дефектот, рекоа дека се е во ред (акумулаторот се полни , добар е напонот , се о.к. а парите си ги зедоа ) , но фактички не е така.
Дали некој знае во што е проблемот? има ли некое решение ?
Милан Кавадарци