Автор Тема: Отклучување Bootloader на Sony Xperia Tipo  (Прочитано 2278 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4984
  • Пиши лаже
Отклучување Bootloader на Sony Xperia Tipo
« на: 05 Август 2013, 16:36:22 pm »
Отклучување на Bootloader - от


Јас не сносам никаква одговорност доколку настане некаква штета на Вашиот уред. Ова го правите на Ваш ризик!

Прво и најважно е да проверите дали Вашиот уред може да се отклучи.
Отворете го Phone менито за ѕвонење и пишете: *#*#7378423#*#*
Одете во Service info -> Configuration -> Rooting Status. Доколку во Boot loader unlocked allow пишува Yes, значи може да биде отклучен. Доколку е No, исклучете го туторијалов и не продолжувајте надолу.

1. Симнете го SE Bootloader Unlocking од овој линк: http://www.4shared.com/rar/lRdAm0Lk/SE_Bootloader_Unlocking_Relock.html
Во него е вметнат и FlashTool 0.8.5 заедно со libs папката.



2. Отпакувајте ја архивата и најдете го фајлот: Flashtool-drivers.exe и инсталирајте го. При инсталацијата изберете драјвери за Fastboot и Flashmode.

3. На телефонот бирајте: *#06#. Со ова ќе го видите IMEI то на телефонот кое има 15 цифри. Запишете го настрана во некој документ.

4. Одете на следниот линк: http://unlockbootloader.sonymobile.com/unlocking-boot-loader

5. Следете го видеото и ќе го отклучите бутлоадерот. Кај мене дава failed бидејќи ми е веќе отклучен. Да не го заклучувам повторно, процедурата е таа. Занемарете го ова попапче на 1:14, грешно сум го позиционирал. :)

Видео: https://www.dropbox.com/s/vjt42r8qtwgp9al/Bootloader.mp4
« Последно менување: 05 Август 2013, 18:48:16 pm velestrumf »
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8518
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Отклучување Bootloader на Sony Xperia Tipo
« Одговори #1 на: 05 Август 2013, 23:55:02 pm »
Го пишувам бројон горе и ништо.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4984
  • Пиши лаже
Одг: Отклучување Bootloader на Sony Xperia Tipo
« Одговори #2 на: 06 Август 2013, 03:14:26 am »
Кој број? Оној за да влезеш во менито или?
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that