Автор Тема: Chiptuning  (Прочитано 144525 пати)

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #15 на: Јули 28, 2013, 20:18:46 pm »
Огромното искуство во тјунингот од преку 15 години сепак си го прави своето. Резултатите се очигледни, а бројот на задоволни корисници се поголем.
Ќе се повториме, заради нестрпливоста на нашите клиенти и нивните притисоци, желни за излез од секојдневното, вообичаеното, просечното, желбата за натпревар и престиж, со намера да им удоволиме на сите, бидејќи нашите задоволни клиенти се всушност нашата најголема реклама, продолжуваме со тјунирањето!
Повелете јавете се на нашиот телефонски број за да закажете термин, контакт лице Горан.
DYNO мерењата за овие клиенти ќе бидат бесплатни по инсталирањето на истото. За да се уверат во веродостојноста, нивниот оригинален фабрички фајл кој грижливо го чуваме во нашата база на податоци ќе го „вратиме“ повторно во возилото, се прават мерења, а потоа се враќа новиот ремапиран фајл и пак се вршат мерења на DYNO-то. Доколку е потребна евентуална корекција, истата ќе биде извршена во моментот, секако бесплатно.
Бидете меѓу првите кои ќе ја имаат честа да ја почувствуваат моќноста на нашите ремек дела. Бидете чекор пред другите, зашто ќе ја имате целосната подршка на
Автотек Електроник - за подобар живот на Вашето возило, за поквалитетен живот на сопственикот, за поуспешна заедничка иднина!
Ви благодариме на довербата!
« Последно менување: Мај 04, 2015, 17:38:35 pm Автотек Електроник »

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 779
  • Cruze LS+ 1.8
Одг: Chiptuning
« Одговори #16 на: Јули 29, 2013, 22:40:28 pm »
Не работиме шаблонски тјунинг или сл. да би можеле да кажеме стриктна цена. Секое возило за себе си е индивидуално и приказна сама за себе и по себе. Ориентациона цена може да се добие, секако, но најпрвин пожелно да се види и прегледа возилото. За сите информации Ве молиме јавете се на 070/341-163, контакт лице Горан и се ќе Ви биде објаснето. Веќе објаснивме дека професионално се бавиме со оваа работа, не користиме копирани мапи И НЕ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ НИЕ МАПИТЕ. За тоа постојат докажани светски реномирани тјунинг куќи кои што стојат веќе со години позади нас, така да тјунингот на едно возило може некогаш да трае и повеќе часови, па и денови, се додека не се увериме и самите дека се е во најдобар ред  и тогаш да Ви го предадеме возилото. Се работи за големи материјални добра и не сакаме ни да помислиме да ризикуваме во ниеден момент, напротив, нашата крајна цел е задоволен корисник кој ќе ни биде воедно и нашата реклама. Претставете се само дека сте од carclub, за да добиете поголеми привилегии од останатите. Побарувачката е огромна, искрено не го очекувавме ова толку брзо. Во интерес на што повеќе задоволни клиенти припремаме и потполно нов објект во нашиот комплекс, исклучиво наменет за DYNO мерења, chiptuning и сл. Ви благодариме на трпението и разбирањето!


   Se javiv  po mail vo Revochip i lugeto odma mi dadoja cena.Cisto me interesirase da napravam sporedba i ako mi odgovara odma ke ja donesev kolata.Od kolata levo  imate slika i se gleda deka e nova. Fino vi e gore objasnato vo vasiot post  no ne sekoj ima vreme da doaga do Skopje za da mu kazite eve ke ja sredime za tolku i tolku a kako sto gledam site tunerski kuki imaat cenovnik.
  Sekoe dobro i uspeh vo rabotata.

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #17 на: Јули 29, 2013, 23:04:49 pm »
Цените рековме дека се исти со Revochip Србија, така е по Договорот за Партнерство.
Официјален ценовник нема ни на страната од Revochip.
Цената што ја добивте е за како што велите возило во одлична кондиција, без лутење, сме имале разни случки.
Не баравме од Вас да дојдете од Битола за да Ви формираме цена, цената е таа, во секој случај доколку сте заинтересирани ќе треба да закажете термин за работа, што за жал нема да можете да го сторите по електронски пат. Исто така цените може да ги добиете само лично или преку телефонскиот број, кој набрзо ќе биде заменет со друг, заради другите делатности на нашиот сервис. Единствено Горан има овластувања да ги каже цените, бидејќи тој лично го работи тјунингот и е потписник на истиот. Затоа и Ве упативме на неговата адреса. Во Автотек Електроник постои еден Кодекс на однесување и хиерархија при одлучувањето. Нашите препораки беа најдобронамерни.
Ви благодариме на желбите и Ви посакуваме што побрзо и Вие да станете дел од Revochip заедницата!

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #18 на: Август 19, 2013, 21:16:48 pm »
Нека е со среќа тјунингот FilipM. Пиши ги твоите лични впечатоци, видувања, споредби со претходно и тн. Направи некои видеа на забрзувања и меѓу забрзувања. Други слики после кај нас на Dyno, нормално. Ти посакуваме безброј безгрижни километри и чувај се.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Chiptuning
« Одговори #19 на: Август 19, 2013, 21:27:35 pm »
Што да кажам - Имавме ете тоа едно мало проблемче со некои пикови на притисокот на турбото, меѓутоа се среди се :).

Забрзувањето е отприлика како цело време да е во брзина подолу, односно во 4та забрзува како во 3та, во 5та како во 4та итн. Потрошувачката, од она што можев да заприметам е дека е опадната за некои 0.2 до 0.5 литри/100км, нормално, пратев по брод компјутер со моментална потрошувачка.

Крајната брзина претходно беше некои 215, ептен да се погоди за 220, сега замина преку 230 и немав веќе место каде, морав да пуштам гас. Нормално, морав да пробам, дали е се воред  :)

Замерки немам, сеуште под импресии ;D

Секоја чест за професионалноста, се надевам ќе се гледаме само за добро, и можеби за Stage 2 ;D


I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Chiptuning
« Одговори #20 на: Август 19, 2013, 21:51:18 pm »
Немој бе дечко бе,1400 кубика мотор имаш..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Chiptuning
« Одговори #21 на: Август 19, 2013, 22:04:24 pm »
Во тоа е штосот, Wolf in sheep's clothing ;)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Chiptuning
« Одговори #22 на: Август 19, 2013, 22:05:13 pm »
Ќе го бараш Рики за совети..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10569
Одг: Chiptuning
« Одговори #23 на: Август 19, 2013, 22:09:48 pm »
Со хибридна турбина е Stage 2 ...

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Chiptuning
« Одговори #24 на: Август 19, 2013, 22:13:36 pm »
Уште не е стигнато до таму..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5984
  • 69
Одг: Chiptuning
« Одговори #25 на: Август 20, 2013, 00:26:34 am »
Да, да, Рики има искуство со турбини, може да му помогне на Филип :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
Одг: Chiptuning
« Одговори #26 на: Август 20, 2013, 21:09:54 pm »
колку може да се извади од хонда цивик 1.6вти ?
колата има издув од после грана до крај и печурка K&N,другото мислам дека е стандарт

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
Одг: Chiptuning
« Одговори #27 на: Август 20, 2013, 22:15:00 pm »
јапанците вадат околу 10кс од тој мотор

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Chiptuning
« Одговори #28 на: Август 20, 2013, 23:04:44 pm »
Ќе го бараш Рики за совети..

Рики помина со турбина овде мислам ќе гледаме клипови низ ауспух, таман мали се ги собира :D

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Chiptuning
« Одговори #29 на: Август 21, 2013, 00:07:36 am »
Прајте си мајтап...единствен дел којшто може да се расипи моментално е турбото. Колата фабрички доаѓа со ковани клипови и ред други работи за да го подржуваат турбо сетапот...прогуглајте малце, низ грција ги возат до 300кс со фабрички клипови ;)
I’m so mean, I make medicine sick