Автор Тема: Совет за Opel Astra G  (Прочитано 3617 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Совет за Opel Astra G
« на: 03 Јуни 2013, 00:40:44 am »
Прво да се извинам за темава, бидејќи вакви теми има со лопата да ги ринеш, ама морам да се консултирам со вас како поискусни.  8)

Мојот избор го ограничив на Opel Astra G, од неколку причини. Прво, буџетот ми е 3000 евра, има ефтино одржување, најчесто ќе се вози низ град, но кога ќе излезам сакам да се осеќам бар малце дека сум во кола, а не во кутивче.
Предност имаат со клима, 3 врати и неувезени.

Мотор бензинец, на кој ќе се вгради плин. Мислам дека 1.4 66kW е таман.  :)

Ви благодарам!


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #1 на: 03 Јуни 2013, 00:55:36 am »
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=806163
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=812474
ako se predomislis ovaa gledaj ja slobodno..jas pred dago pazaram moeto punto bev astrava daja gledam perfektna e ama nejkese togas da simne i da cue ispod 3000 eura jas mu dadov 2500 pa 2600 i se otkazav inace koliceno e stvarno zacuvano
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=507493





Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #2 на: 03 Јуни 2013, 01:25:15 am »
Фала ти Влатче!

Мене оваа ми фаќа око некако:
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1337184-Opel-Astra-1-6-Full-oprema--02

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #3 на: 03 Јуни 2013, 06:38:26 am »
Мислам дека за тие пари тоа еден од најдобрите избори за кола. Јас имам ваква астра веке 4 години 1.4 16в, и сум презадоволен, иако имам поминато само околу 30-35к км. Освен редовни сервиси сум немал скоро никаков проблем.  Плин имам ставено пред скоро 1 година нема никакви проблеми и презадоволен од потрошувачка.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #4 на: 03 Јуни 2013, 09:10:01 am »
Која ти е просечната потрошувачка? Јас очекувам градска околу 9, отворено 7. Секако тоа е релативно и зависи од возачот и состојбата на колата.

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #5 на: 03 Јуни 2013, 11:17:10 am »
На отворено низ државава со полна боца 1200 денари околу 37 литри по 32ден. поминувам околу 550-600км тоа му доага околу 6,2 - 6,7.  Возење околу ограничувањето неколку пати ја имам возено и 170,  сега во последно време ја возам на отворено откако го продадов бмв-то, па немам тестирано на различни дестинации.

 Низ град поминувам околу 450-460 км тоа му доага околу 8-8,5. мислам дека со клима преку лето може да дојде и 9.5.

 

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #6 на: 03 Јуни 2013, 23:39:04 pm »
Фала ти Кирил! Супер потрошувачка си извадил. Подобра од таа што очекував. Плин е закон!  :D

Во 3 вратната верзија, најчесто го гледам 1.6 16V 74kW моторот. Дали и тој е добар како и 1.4 16V и колкава е нивната разлика во потрошувачка? Исто така, дали има голема ценовна разлика во регистрација и осигурување од 66kW до 74kW?

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #7 на: 04 Јуни 2013, 00:00:44 am »
1.6 16v mislam deka e eden od najpogodenite motori na opel ali so potrosuvacka vo grad na benzin nemoj da racunas ispod 9 da trosi zboram za skopje  inace motorite site gi falat imas 101ks dovolni za sekoja situacija
ima mislam i 1.6 8v toj e malce poslab motor ali e dosta potraen od 16v

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #8 на: 04 Јуни 2013, 07:13:38 am »
@DimitarMK
Сега разгледував Астри по огласите. Искрено ништо не ми фати око во поновиве огласи што беа освен оваа што ти ја имаш постирано погоре.
Малку е посоленка, ама сигурно може да се спушти нешто на цената. Убава година е, црна е  :D, има спортив опрема и климатроник што ретко може да се најде кај нас. Според ентериерот ми изгледа на реална километража. Кожата на воланот е потскината,но се средува. Треба да се провери дали е фарбана бидејки е дебаџед позади.
За моторот наведено е само 1.6 значи го вози поновиот 1.6 16в мотор Z16XE или пак 1.6 8в 85 PS (63 kW) Z16SE кој се вградуваат од 2000та па нагоре

Ако те интересира нешто повеќе прашувај :)

Со среќа во потрагата и обавезно пред купување проверка кај Маршер.


Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #9 на: 04 Јуни 2013, 08:53:32 am »
Разликата во пари би била некоја илјадарка при регистрација и ако вадиш зелен картон за 1.4 се плаќа поевтиниот до 66kw.
 И една препорака бидејки до пред некое време се мислев да ја продадам мојата астра значи 1.4 16в со две врати плин на која сум втор газда со поминати 120к, додека беше на оглас ставена за 3100 не ми се јави никој! :). Потоа ја тргнав од оглас. 
 Затоа 3300 за кола што нема плин + ~500 eur дополнително инвестиција, и има сигурно 200 000км. Никако.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #10 на: 04 Јуни 2013, 13:05:39 pm »
Кирил, а да размислиш ти пак за продавање :D

Инаку црната да, има височка цена но има и доста опрема. Сепак, преку слики ништо неможе да се каже. Има 1.6 16V 101ks. Увезена од Италија.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
« Последно менување: 10 Јуни 2013, 05:45:44 am Rakun4e »

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #12 на: 10 Јуни 2013, 11:01:29 am »
Фала на предлозите Rakun4e ама повеќе од 1.6 75kW неможам бидејќи сум возач почетник, бар да го испоштувам законот. :D

Отсутен alek

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #13 на: 14 Септември 2013, 19:13:29 pm »
Дали некој знае каде можам да набавам клипњачи за Астра G 1998 g.   1.6 8V?

Отсутен icecarev

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 81
  • Тој шо ќутит а све знајт
Одг: Совет за Opel Astra G
« Одговори #14 на: 29 Октомври 2013, 16:10:54 pm »
Zdravo i jas sum pocetnik vozac i bi sakal nekoi soveti okolu toa na sto da pazam koga ke kupuvam opel astra G 1.4 ili 1.6 ?
Remember, remember the fifth of November of gunpowder treason and plot. I know of no reason why the gun powder treason should ever be forgot.