Автор Тема: bmw 525d e60  (Прочитано 5900 пати)

Отсутен pece

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
bmw 525d e60
« на: 25 Февруари 2013, 17:55:41 pm »
здраво дечки форумот ви е супер
ме интересира за овој модел bmw 525д е60 177кс 2005год. сите негови позитивни и негативни работи и околу давачките за сервис
имам читано дека е одлична кола сакам да ја порачам од германија да ми ја донесат, сепак сакам да слушнам ваше мислење и некој што има искуства со вакви коли
поздрав

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #1 на: 25 Февруари 2013, 23:33:54 pm »
Опа кој ни дошол, добредојде име ! ;)

Ооодличен избор на кола, а и мотор !

За предности и маани ќе почекаме да каже БМВ лобито...

Кога ке го земеш, обавезно кругче чекам  :D


Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1063
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #2 на: 27 Февруари 2013, 10:29:07 am »
најпрво биди многу внимателен во порачувањето и се надевам дека имаш некој што му веруваш во изборот !!!

друго, м57 моторот е најдобриот дизел на БМВ по мое мислење, секако подобра варијанта е 3.0 литарскиот.
мал сервис би коштал некаде околу 100-тина евра, голем веќе е работа на избор на поскапи и поквалитетни делови така да може многу да варира во цената.
кога ќе се земе обавезно проверка на swirlflaps на усисната грана, во каква состојба се и дали има потреба од некаква интервенција, јес да се подобрени во е60-ките ама да нема апење за газот после, треба да се провери.
обавезна проверка на турбината, секако на првиот сервис обавезна промена на сепараторот за уље, цена 80-90евра.
ако е аутоматик, обавезен сервис на мењачот, исклучиво со оригинален филтер и уље, цена некаде околу 150 евра.

негативни работи има само ако не е добро одржаван, мене лично ми е малку покрут во однос на претходникот е39, ама тоа веќе е личен вкус.
незнам колку е негативно, ама биди спремен на солидни давачки во однос на одржувањето, ама сепак се работи за премиум класа, така да тоа си оди едно со друго.
позитивни, одлична лимузина, една од најдобрите во класата.

мој совет, немој никогаш да одиш на поефтина варијанта, ако фирмата/продавачот е балканец, екс ју, турчин, арап, или евентуално од источна европа, бегај подалеку.
поарно плати ја горе малку поскапо за да не се каеш после.

ако те интересираат повеќе детали, слободно прашувај.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11718
  • Архитект
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #3 на: 27 Февруари 2013, 10:33:38 am »
Еве една се продава кај нас... малку вишак грбка има.

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7764.0.html

Отсутен pece

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #4 на: 27 Февруари 2013, 11:27:15 am »
јас колата веќе ја порачав изгледа добро зачувана и мислам дека му верувам на тој што ја носи, сигурно се разбира појке од мене во врска со мотор и тие работи.
колата е мењач не е аутоматик, знам дека беше подобра варијанта 3.0 ама имаше добра разлика во цената околу давачките за носење регистрации и такви работи ама мислам и овај не е лош мотор  :)

за давачките за сервис знаев дека не се баш ефтини ама сакав да знам одприлика колку се, и фала за советите за работите на кои треба да обрнам внимание на сервис одма и тие работи ќе ги проверам.
друго немам мислам незнам што да прашам сакав да слушнам општо мислење за овај модел, вие ако имате нешто плус да кажите ќе биди супер
па сега ќе почекам да стигни тогаш сигурно ќе имам што да ве прашам фала поздрав

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #5 на: 27 Февруари 2013, 11:40:49 am »
Кога сме веќе кај темава...

525TDS кај E39 добар се покажа? Имам слушано најразлични муабети. Не чинел, поарно 520д ..

Трошел 13 литра градска...10 отворена...

Ај малку расчистете ми ги овие предрасуди.

Ептен ги сакам Е39 и Е60 па некако ми се еби филм кога ќе прочитам вакви муабети...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #6 на: 27 Февруари 2013, 11:59:02 am »
Пеце добар избор си направил.Со правилно одржување ке немаш мака.
ЗадКарпатски не чини 525тдс пошо сите донесени имаат п 400+Ккм...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bushido

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 234
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #7 на: 27 Февруари 2013, 12:20:29 pm »
И не само тоа што има набутано по 400к и фазла ...општо во секој сегмент не е докажан тој мотор ...  заостаната технологија уште на е34 од 91-92год

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #8 на: 27 Февруари 2013, 12:21:32 pm »
Е сеа и ти се кажа. ::)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен pece

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #9 на: 27 Февруари 2013, 15:24:56 pm »
јас колку шо знам и за е39 се силни машини немаат мана, овие модели се поретки овде 525д е60 мењач, ама како шо гледам и таа е добра кола овај мече добро кажа и се разбира гледам за bmw, ко ке стигни lord ке ти пишам и ке ти потврдам да не ти се еби филмот :)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #10 на: 27 Февруари 2013, 17:22:10 pm »
525Д во Е39 ме изненади во потрошувачка. Роднините што го имаја Битола - Скопје на аеродром - Битола 1000 и нешто ситно денари нафта со точење до капачка, само не знам колку беше нафтата тогаш пред година и пол.

Пеце треба да го знаеш тоа БМВ, го купи имењакот од кај тебе :)

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #11 на: 28 Февруари 2013, 06:44:19 am »
525d е одлична кола, посебно потрошувачката на отворено, единствено да се провери како што кажа Звонко со тие свирлфлапс, ако до сега веке не се извадени па да се реагира некако. Друго исто обавезно проверка на турбината и дизните, и натаму се останато ко на секоја кола.

Отсутен pece

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #12 на: 01 Март 2013, 17:12:09 pm »
A mozi da mi kazite potocno shto e to swirlflaps?

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1063
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #13 на: 02 Март 2013, 09:37:26 am »
клапни на усисна грана !

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: bmw 525d e60
« Одговори #14 на: 02 Март 2013, 18:26:50 pm »
Денес кај мојот мајстор донесоа bmw 525xd 2009 година...и погодете што е дефектот...замајецот.Груба проценка ќе го кошта 1000 евра.Колата е многу убава и се нај нај ама деловите се изгор скапи.
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI