Како ја залепиле Италијанциве налепницава, свака им част. Уште и автомобилите да ги правеа така, кај ќе им беше крајот.
После денешниов дуел, сфатив дека си имам работа со доста тврдокорна налепница. Не може да се излупи цела одеднаш, туку се троши на многу ситни парчиња. Доста е закоравена, како да е залепена со супер лепак за шофершајбната. Не помогнаа многу ни влажните марамчиња, ни средството за чистење стакла. За разлика од оваа, оние на предната шофершајбна излегоа за неполна минута, без употреба на некакви средства.
Живеам во зграда, така да немам пристап до електрична енергија близу автомобилот, па не можам да употребам фен. Што се однесува до нитро, ацетон и останатите поагресивни средства, не би сакал да ризикувам, бидејќи налепницата е на незгодно место. Не знам дали WD-40 или средството што го предложи Alfista, би ја нагризале бојата, затоа не сакав да ризикувам.
Еве и некоја слика од симбиозата на налепница и стакло.

