Автор Тема: Мирис на изгорена гума (битомен) под хауба  (Прочитано 2068 пати)

Отсутен Mikky

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Мирис на изгорена гума (битомен) под хауба
« на: 19 Февруари 2013, 23:35:27 pm »
Кога е пуштено парното, и моторот е на работна температура, под хауба има некој мирис на изгорена гума (нешто најблизок мирис е на битомен, за под паркет што се става)

Кога не работи моторот (следниот ден) мирисот го нема. Се работи за Пежо 307 HDI 2.0

Ако има некој вакво искуство што може да биде извор на ваков мирис. Благодарам,

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Мирис на изгорена гума (битомен) под хауба
« Одговори #1 на: 19 Февруари 2013, 23:43:21 pm »
http://www.refreshyourcar.com/car_smells_you_shouldnt_ignore.php

Ете го најдолу твојот мириз, кај другарче во Саксо мириса на антифриз од време на време.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Мирис на изгорена гума (битомен) под хауба
« Одговори #2 на: 19 Февруари 2013, 23:50:13 pm »
колку време ти се случува ова?

Отсутен Mikky

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Мирис на изгорена гума (битомен) под хауба
« Одговори #3 на: 20 Февруари 2013, 00:00:53 am »
колку време ти се случува ова?

Прв пат го приметив кога фатија минус температури. Сега незнам дали се поклопува ова со работите, ама тогаш и дотурив 300 мл антифриз, пошто фалеше малку до макс. Ставено е од истиот антифриз, Тотал, црвен.

http://www.refreshyourcar.com/car_smells_you_shouldnt_ignore.php

Ете го најдолу твојот мириз, кај другарче во Саксо мириса на антифриз од време на време.

А каков мирис воопшто има антифриз-от? Според линков, се работи за некое цревце или каиш. Каишите ги сменив пред една година, не ќе да се тие.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Мирис на изгорена гума (битомен) под хауба
« Одговори #4 на: 20 Февруари 2013, 00:09:58 am »
чекај,макс. дозволено или макс. до капаче?

можно е некое гумиче некој пластичен држач да се откачил да паднел на моторот,ама до сега ќе изгорел,минус температури фатија пред 3 месеци

викаш кога е пуштено парното....а да го однесеш системот да го ичистат?
нема зијан

Отсутен Mikky

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Мирис на изгорена гума (битомен) под хауба
« Одговори #5 на: 20 Февруари 2013, 00:17:18 am »
чекај,макс. дозволено или макс. до капаче?

можно е некое гумиче некој пластичен држач да се откачил да паднел на моторот,ама до сега ќе изгорел,минус температури фатија пред 3 месеци

викаш кога е пуштено парното....а да го однесеш системот да го ичистат?
нема зијан

До дозволен max :) значи пред нова година имаше мала загуба на антифриз на два пати му доставав по 300-400мл до дозволен макс, пошто ми се уклучуваше сензорот за мин антифриз. Сега нема загуба на антифриз ама мирисот останува. Не е до вентилацијата, мирисот се осеќа и под хауба (од кај моторот).  Кога работи парното се осеќа повеќе, ако го надушкаш убаво од кај дупките под шофершајбна (лево и десно, незнам како се викаат) се осеќа и кога не дува парното.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мирис на изгорена гума (битомен) под хауба
« Одговори #6 на: 20 Февруари 2013, 00:18:57 am »
Изгледа цефките кои носат топла вода во казанчето допираат на некоја пластика и ја топат,вака според кажувањето најлогично мие тоа.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Мирис на изгорена гума (битомен) под хауба
« Одговори #7 на: 20 Февруари 2013, 01:31:53 am »
филтерот за полен жив е?