Автор Тема: Honda и нејзините модели  (Прочитано 126659 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #735 на: 10 Февруари 2016, 11:56:29 am »

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #736 на: 19 Февруари 2016, 08:59:36 am »
Се мислам да си купам една Хонда Сивик после 2006та година. Да не имате повеќе инфо за нив? Од Хонда си немам појма, освен дека ВиТек моторот е многу добар, и ако купувам, сигурно ќе биде 1.8 ВиТек. Ќе ја возам на бензин. Нешто слично како оваа во линкот (ми фаќа око, прв газда, зимски + летни гуми, со гаранција)

http://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=222059069&userPosition=50.79053%2C6.0965&scopeId=C&zipcodeRadius=50&damageUnrepaired=NO_DAMAGE_UNREPAIRED&isSearchRequest=true&ambitAddress=DE%2C+52070&grossPrice=true&minFirstRegistrationDate=2006-01-01&maxPrice=7000&makeModelVariant1.makeId=11000&makeModelVariant1.modelId=3&pageNumber=1
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #737 на: 19 Февруари 2016, 10:54:24 am »
Незнам колку можам да ти помогнам али од пред месец дена сум сопственик на Honda Civic 1.8 i-vtec sedan и првите впечатоци се следни:
-мотор одличен кој што до 3000 обртаи едноставно спие, се до моментот додека влезе во поле на V-TEC. После тој момент секогаш ти се раѓа насмевка на лице од прекрасниот звук на моторот и моќта на истиот.
-прилично евтин за редовно одржување бидејки нема филтер за гориво и лесна пристапност и промена на филтерот за полен и за воздух (можеш сам да ги смениш за 10 минути)
-моторот е на ланче и добив инструкции дека ланчето се менува само доколку појави одредени проблеми што не би требало
-со нормален режим на возење потрошувачката се движи околу 8 литра во градски услови
-тврда амортизација за македонски услови
-голем сервис се препорачува на 120 000км
-свеќици се менуваат на 100 000км и една чини 1200 денари

Инаку и мене ми е прво искуство со Хонда па ке видиме како ке се покаже  :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #738 на: 19 Февруари 2016, 11:19:58 am »
Потрошувачката не ме интересира многу затоа што ќе троши колку што ми троши и БМВ-то. Можеби и помалку.
Се расчитав по интернет да најдам некој фабрички проблем, или нешто што може да ме удри по џеб така посилно. И кои им се слабите страни и на што да пазам ако одам да гледам/купувам некоја. Ама сите велат нема проблеми, ништо посебно, и се фаќаат за глупости како немало радиото бас, ЛЦД екранчето на радиото не работело првите две секунди, над 140 била бучна... бла бла..

А што претставува тој голем сервис? Водна пумпа + термостат + линиски + затегачи?

Свеќиците, како свеќици, 15-20 евра добра свеќица.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #739 на: 19 Февруари 2016, 11:37:02 am »
околу проблемите и јас го увидов истото од странскиве форуми дека се факаат за ситници, али ништо конкретно околу проблеми со мотор и подвозје. Односно прочитав негде дека возилата произведени 2006 и почеток на 2007 година имале проблем со задните амортизери и истите биле менувани од страна на Хонда.

Свеќици според упатството се препорачуваат Denso и NGK (Long Life)

Големиот сервис што опфака, не сум се информирал уште, пошто имам за возење уште доста додека стигнам до тој момент, али претпоставувам и јас дека се линиски каиш+затегачи+......итн

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #740 на: 19 Февруари 2016, 12:01:44 pm »
Луки мислам дека првите примероци од хечот Сивик имаа и проблем со корозија на некои места, ама одамна беше кога пратев Хонда форуми.

Иначе без некоја друга сериозна маана е тој модел.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #741 на: 19 Февруари 2016, 12:03:20 pm »
Луки мислам дека првите примероци од хечот Сивик имаа и проблем со корозија на некои места, ама одамна беше кога пратев Хонда форуми.

Иначе без некоја друга сериозна маана е тој модел.

Фала.  Значи сепак, Хонда си е Хонда, и треба да се помачи човек да најде маана.

А Акорд од тие години? После 2006та? Лапа масло или не? Најмногу имам страв од маслојад.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #742 на: 19 Февруари 2016, 12:17:29 pm »
Имав 2.4 модел од 2004 до 2008 мислам, а сега имам 2.0 од 2008 до денес што е моделот.

Ниту првиот ниту вториот не трошат нешто специјално масло. На новиов еднаш требаше да дотурам првите 10000км, али мислам дека после пројдени скоро 9000 и дотурив нешто ситно. Од тогаш до денес на 80000км ниту еднаш немам дотурено од сервис до сервис (на 10к км правам сервис).

На стариот 2.4 неколку два пати додавав уље али го возев доста агресивно па нормално беше да потроши уље. Напоменувам, по еднаш меѓу сервис дополнував и исто некоја минимална количина.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #743 на: 19 Февруари 2016, 12:37:39 pm »
Јасно. Пола литар за 10к километри. Ништо страшно.   

Никогаш немам возено Хонда, а ме фати мерак за јапонец. Па додека сум помлад и неженет да пробам и ВиТек Пауер. Акорд или Сивик, ќе измислам нешто. Само прво да се накандисам да ја продадам оваа.  :D
Понатаму се знае, 5та серија со голем мотор и без турбо.   ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #744 на: 19 Февруари 2016, 12:38:51 pm »
Ако ти е мерак за јапонец и за ВиТек Пауер, глеј најди некоја асолна Интегра :)

Thank me later :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1131
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #745 на: 19 Февруари 2016, 12:43:38 pm »

Laki, а вака нешто да пробаш 2.2 DOHC 160кс 96-98 производство :D

Или вака нешто s2000


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #746 на: 19 Февруари 2016, 12:44:32 pm »
Ништо од ветек пауер нема да осетиш во Акорд 2.0 или Сивик 1.8 :) Прав ветек пауер само во Интегра и евентуално Сивик 1.6 vti/typeR.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #747 на: 19 Февруари 2016, 12:49:46 pm »
Стари возила се тоа. Сакам нешто после 2006та и да има барем Еуро4 затоа што нема да можам да ја возам низ ниеден град низ Германија.

А за осеќањето, забрзувањето не ми е некоја цел. Повеќе ми е за крузање, и одвреме навреме испукување до 200-220 за да се прочисти одвнатре.  ;D ;D

Знам, смотан шофер сум. Времиња до 100ка/200 или 400 метри не ме интересираат. Плус минус некоја секунда не ми пречи.  

А за тие со две седишта... Мех... Да не може човек да си качи друштвото за на пиво.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #748 на: 19 Февруари 2016, 12:54:59 pm »
Пффф... Онда рентај комбе :D :D :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Honda и нејзините модели
« Одговори #749 на: 19 Февруари 2016, 13:15:58 pm »
Ако ти е мерак за јапонец и за ВиТек Пауер, глеј најди некоја асолна Интегра :)

Thank me later :)

Мешаше ли уље таа?