Колата е лаѓа. Има прекрасна вожња.
Заменските делови - амортизери, дискови, плочки и сл. се малку поскапички од тоа што си навикнат, рецимо на Вектрата.
Пежо бензинец - не знам. Знам дека дизелите им се одлични, а за бензинците... Ќе каже некој поискусен.
Ај баш ќе кажеш мирисот внатре како е, пошто мислам дека овие коли имаа некоја мака со пластиките, мирисаат.
И провери климата дали работи. Имаат мислам некоја линија, метална цевка која била предолга, и често се кршела и климата не работела. А пошто била маана, и половна тешко се наоѓала. Нова е изгор.