Автор Тема: Замрзна водата, блокот пукнат?  (Прочитано 3638 пати)

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Замрзна водата, блокот пукнат?
« на: 19 Декември 2012, 11:12:20 am »
Е не ја пуштив водата на стоедното, и некни ко беше ладно ми замрзна.
И сега пукнат е оној резервоарот, за нивото на водата (шо знам како се вика), и капи вода од десната страна на колата,
да не речам воден е долниот делот од блокот кај маслото шо се пушта.
Исто така воден е блокот страната од свеќиците, а на другата страна оние капачките за ако замрзни демек да излезат,
2 се наместо, третата не ја гледам и таа страна е водена, најверојатно од цевката од пумпата е пукната и капи.

Е сега не се разбирам јас многу, ама колкај се шансите блокот да е пукнат, одвнатре или однадвор,
и колку чини настаро мотор за стоедно и негово местење. (тешко да не е пукнат, ама ај дајте ми малце надеж)

Да се спремам за најлошото, иначе радијаторот сув, таа страна ништо нема.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #1 на: 19 Декември 2012, 11:16:16 am »
Мислам дека Маршер има стакло среден мотор за одлична цена...Контактирај го него!
Не верувам дека ке најдеш во моментот подобар!

Инаку шансите да ти пукне блок на температура под - неколку степени ако имало вода се големи...
Така да со среќа нека е!
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #2 на: 19 Декември 2012, 11:23:47 am »
во 99% од случаите на мрзнење на вода пука блокот, однесиси го на мајстор нека извади све од него проверете што е здраво а во меѓу време барај си друг мотор а деловите од стариот чувај или продавај

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #3 на: 19 Декември 2012, 11:28:32 am »
Кој е тој Маршер, нов сум на форумо, член ако е ќе го нам (туку и од Битола сум ако е од друг град не знам како ќе прам),
работата е гаражата ми е како пола метро подземја, треба со туркање да ја извам за да ја видам поубо или да ја запалам ,
ама пак ако се поплавени цилиндрите да не напрам поголема штета.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #4 на: 19 Декември 2012, 11:39:15 am »
Маршер е во Скопје.
Повели:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6567.0.html
Само еден клик...Прати му порака и ке завршите работа...
Он е овластен сервисер на КарКлуб возилата :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #5 на: 19 Декември 2012, 11:44:02 am »
Кој е тој Маршер, нов сум на форумо, член ако е ќе го нам (туку и од Битола сум ако е од друг град не знам како ќе прам),
работата е гаражата ми е како пола метро подземја, треба со туркање да ја извам за да ја видам поубо или да ја запалам ,
ама пак ако се поплавени цилиндрите да не напрам поголема штета.

ако пробуваш да ја палиш гледај да не биде замрзната, ако има вода во цилиндри тешко ќе ти запали друг проблем не би требало да имаш ако сите делови се читави т.е неоштетени освен блокот нормално

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #6 на: 19 Декември 2012, 11:46:28 am »
Фала многу сега и јас го најдов, ама Скопје шо е не ми одговара многу. Ќе видам.
Да ги извам свеќиците и да заверглам да излези водата ако има или да не се обидвам?

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #7 на: 19 Декември 2012, 11:50:42 am »
не ја верглај, свртија рачно т.е доле на радилица со клуч. Ако ти дава многу отпор не ја чепкај

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #8 на: 19 Декември 2012, 11:58:32 am »
Не мора да значи дека е пукнат блокот,пред 2 дена на еден другар му имаше замрзнато водата на стоеденот па ништо не се деси ,ја влечевме со друга кола и си запали.Провери си ја убаво пред да менуваш мотор
;)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #9 на: 19 Декември 2012, 12:42:53 pm »
Ima stopni ako tie se izbieni se nabivaat novi i sekako da se pregleda dobro.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #10 на: 19 Декември 2012, 12:59:36 pm »
Ао ти била во гаража и температурата паднала малку под 0 не би требало да е пукнат блокот. Јас лично одмрзнував фиќо со смрзната вода. Работеше моторот без никаков проблем. Го работев 2-3 минути и после го изгаснав. После 10 минути пак го работев 5 минути и ми светна за прегревање. После саат време водата беше одмрзната а фиќото се возеше до лани без проблем.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #11 на: 19 Декември 2012, 17:13:35 pm »
капачките ако се подзапечени знаат да не излезат,мислам дека имам еден стакло мотор пред брзо време освежен ако треба кажи да проверам

Отсутен Sale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 121
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #12 на: 19 Декември 2012, 17:35:28 pm »
Прво извади го каишот што ја погонува водната пумпа, па после тоа запали го и нека работи во место.
.!.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #13 на: 19 Декември 2012, 17:37:01 pm »
Прв пат слушам блок да пука од замрзната вода...Ако колата е возена барем малку си има топлина да не дозволи да пукни блокот...

Иначе за други работи пукаат...попуштаат...

Епа зато анти фриз -40 ...или воздушно ладење :D :D :D

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Замрзна водата, блокот пукнат?
« Одговори #14 на: 20 Декември 2012, 09:42:19 am »
Ќе ја извам од гаража денес, па ќе ѕирнам поубо, ќе ви кажам шо бидна.