Автор Тема: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4  (Прочитано 8673 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« на: 17 Декември 2012, 12:08:05 pm »
Во  тема каде што преовладуваат навреди нема место за сериозен разговор.

Форд Фокус 1.4 е возило кое во Плимонт често се конвертира на  плински погон. Фокус со 1.4 мотор е единствен модел од семејството Фокус кој не стои во стписоците за потреба од дополнително ладење на вентилите.
Кога се водеа преговорите за соработка, Ми-Да Моторс побара од нас мислење за сите аспекти на вградувањето на плински уред на моделите на Форд. Доставивме наша анализа базирана на долгогодишното искуство со Форд возила со плински погон, како и детален извештај од тестирањата кои ги има изведено Ланди Рензо за секој модел на Форд посебно.
Информации кои ги доставивме беа идентични со информациите кои Ми-Да Моторс веќе ги имаше добиено од свои извори.
Иако Фокус 1.4 не е на списокот на возила со осетливи вентили, заради осетливоста на останатите Фордови мотори, Ми-Да Моторс  го прифати нашиот предлог како мерка на претпазливост и кај него да се поставува дополнително ладење, а истото го препорачуваме и за возила вон гарантен рок. И покрај дополнителната заштита останува препораката да се избегнува долго возење на високи вртежи.
Проблеми по вградување на плински уред кај Фокус 1.4 не очекуваме.
Цената за поставување на плински уред за ова возило е 610 евра. Во таа цена предвидено е поставување на плински уред тип Ланди Плус Макс, со торусен резервоар од 42 или 47 литри , и дозатор со масло за ладење на вентилите.
Дополнителна опција за која се доплаќа 10 евра е полначката со адаптер, која би се поставила сокриена, под капачето за полнење на бензин
Гаранцијата на системот е 2 години.
Атестот на возило со вграден плински уред чини околу 3000 денари. Атестот го прават Машински Факултет-Скопје, АМ Церт, АМСМ и ПСС, а можете да го направите и во просториите на Плимонт. За своите клиенти Плимонт, во соработка со претходно наброените сујекти, обезбеди попуст на цената на атестниот преглед, за кој наместо редовната цена од 2500 ден во Плимонт можете да го платите 2100 денари.
Плаќањето освен во готово, може да се направи и со било која кредитна картичка, може да се аплицира во Плимонт за наменски кредит кој е со максимално времетраење до 72 рати, или пак да се искористи поволноста за плаќање на 12 рати врз основа на договорите кои Плимонт ги има склучено со следните институции и компании:
-   МВР
-   АРМ
-   УЈП
-   Македонска Пошта
-   Основен Суд 2 Скопје
-   Апелационен Суд скопје
-   АД МЕПСО
-   Македонски Железници, Инфраструктура и Транспорт
-   ЈСП СКОПЈЕ
-   Фонд за ПИОМ
-   Катастар на недвижности
-   ЕЛЕМ ХЕЦ Треска и Енергетика
-   ОНЕ Телекомуникации
-   ЈП Градски Паркинг
-   Контрола на летање
-   Психијатриска Болница Скопје при ССКЦ

Неколку фотографии од Форд Фокус со вграден плински уред.

















Повеќе фотографии можат да се видат на plimont.com/focus
« Последно менување: 18 Декември 2012, 15:08:18 pm plimont »

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #1 на: 18 Декември 2012, 15:33:34 pm »

Fotografii od Ford Focus od 2008 godina










Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #2 на: 18 Декември 2012, 16:05:10 pm »
Bravo Plimont :)