Автор Тема: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!  (Прочитано 16792 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« на: 22 Април 2011, 00:28:37 am »
По неколку препораки и со потреба да ги заштитам седиштата на мојот автомобил од мојот 10 месечен син, решив да направам посета на Самад, кој како што ни е познато е соработник на Кар Клаб.

На договорениот термин имав чест и задоволство да го предадам мојот автомобил на стручната екипа која доби задача да му изработи ново руво.

Поради моите комплицирани побарувања потребно е многу време за изработка на тапацирите за седишта на мојот автомобил. Па така денес беше завршена само пола работа, а за неколку дена, кога ќе завршиме со празнување, ќе биде докомплетирана. Да не се збуни некој, тапацири на седишта се затоа што се прават по мерка на сунгерите од седиштата, се користат тапацир материјали кои се монтираат на седиштата без да го деформираат нивниот облик. За разлика од нив, навлаките се со послаб квалитет на материјал и материјал кој е растеглив, па така се навлекуваат и седат оптегнати на седиштето така што ја деформираат неговата линија.

За да се удоволат моите барања на тапцирите работеше екипа од 4 луѓе, а моите барања беа следни:
- врвен квалитет на атестирани материјали за тапацирање на авто-седишта
- кроење на лице-место без употреба на шаблон
- совпаѓање на штеповите, така што ќе се корегираат фабричките грешки (да, фабрички грешки има на тапацирот од седиштата)
- никаде да не се употреби растегливиот и ефтин материјал наречен хелен (оној шо остава бели линии)
- да се задржи оригиналниот изглед и линија на седиштата
- да се овозможи функцијата на воздушните перничиња кои се наоѓаат на страниците од предните седишта
- да бидат модуларни така што ќе може да се извадат, да се исперат и повторно да се вратат назад без оштетувања
- да не ми се вадат седиштата надвор од возило, т.е. да се земаат мерки и да се монтираат тапацирите на лице место
- да не ми се оштетат фабричките седишта

и последно,
- Груевски лично да исече лента и да фрли една лопата бетон при почетокот со работата

Екипата на Самад спремно одговори на сите мои барања, освен на последното за кое се правдаа дека премиерот бил пребукиран со снимање на други клипови за кампањата на предстојните избори. Јас секако не им поверував, па затоа ќе си останам на мојот став дека ништо не е совршено, меѓудругото и екипата на Самад.

Што се однесува до работата, дечките се зафатија во 8:30 часот, а по "мое" барање во 15:30 ги замолив да прекинат со работа бидејќи жена ми неколку пати упати сериозни телефонски повици за да ме прибере дома. Затоа се договоривме еден убав сончев ден после легачките празници да го однесам автомобилот за да ги завршат зафатите.

За почеток направив неколку фотографии во текот на работата, па ќе бидам доволно доблесен да споделам неколку:
- Моментот кога возилот го препуштив на Самчовата компанија:

- Пред да го нападнат, успеав да направам неколку фотки од оригиналниот тапацир:



- А потоа, 3 пати мери, 6 пати кори:



- Направив упад во работилница за да се уверам дека навистина луѓе шијат, а не роботи(too good to be true):


Сепак, ќе оставам крајот да го краси делото, па финалните слики од пред и потоа ќе ги покажам откако ќе ми ја звршат и задната клупа со наслоните.

Шегата на страна, кога зборувавме за цената со Самчо, немав ни одблиску представа колку многу работа има за да се скрои еден тапацир по линијата на сунгерите од седиштето. За моите тапацири се потребни од 15 до 20 часа активна работа на екипата. Повеќе луѓе не се од корист бидејќи работата е процедурална, т.е. има определн редослед на чекорите и мора да се прават еден по друг, а од друга страна физички нема место за повеќе раце.

И цената нема да ја откријам, бидејќи беше многу пријателска, ќе оставам Самчо да ја каже. Но прво би сакал да ги споделам сликите за да се има представа за што е таа цена. Ќе откријам само дека набавната цена на материјалите, кој е врв за својата намена према Самад чини 80 евра.

Откако сватив со кого си имам работа и дека мојот надзор нема да придонесе во совршеноста на изработката го замолив Самчо да ме одведе до неговото фризерско студио за автомобили така што ќе можам да му испазарам троа шминки на возилово. На драга воља Самчо ми ја исполни и таа желба, но ми направи и домашни проблеми. Наредниов месец ќе треба пола плата да ја оставам кај него во дуќан за да си ги купам сите креми и чудесии кои Самчо ми ги опиша една по една.

Меѓу другото и миризливите патосници, чиј мирис во главава ми е регистриран како синоним за нов автомобил:

И типските телстилни патосници, скроени за специјално за секој модел на автомобил:


Во рамките на моменталните финансикси можности избрав неколку артикли кои мислев дека ми се најпотребни, меѓутоа на "wish" листата имам уште 10-тина омилени кои порано или подоцна ќе си ги испазарам. Си купив чистач за вентилацијата на автомобилот, ароматизиран рефрешер за истата и кремот за репарирање на гребаници на лакот од бојата на автомобилот:


За сега толку од посетата на Самад. Откако ќе биде комплетиран тапацирот ќе споделам повеќе информации за нив. Секоја чест на професионалноста и умешноста на Самад, навистина сработеното далеку ги надмина моите очекувања. Денес на собирот неколку члена имаа можност да го видат делот кој беше сработен денес. Жал ми е што не се видовме со Спортекс(Пред пола саат ми кажа џиџи дека си бил присутен, а јас поима немав), кого мислам дека посебно го интересираа навлаките. Но како што кажав комплетните фотографии ќе бидат објавени откако ќе се комплетира работата, по празниците. Се надевам Спортекс ќе биде доволно стрплив за со свои очи да го види ремек-делото на Самад.

Голем поздрав до Самчо и екипата.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #1 на: 22 Април 2011, 10:47:35 am »
Браво супер.....ќе почекам нормално да видам резултат, мада верувам дека ќе биде и повеќе од добро.
 BTW... Ми кажаа дека си тука, малку касно до душа ама Дени е крив.....ме замуабети... ::)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #2 на: 29 Април 2011, 10:24:12 am »
Ја чекам уште...!?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6094
  • 69
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #3 на: 29 Април 2011, 10:25:09 am »
Ke се изначекаш :)))))
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #4 на: 29 Април 2011, 10:26:35 am »
КОј чека...;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54743
  • Махер
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #5 на: 29 Април 2011, 10:37:52 am »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10567
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #6 на: 29 Април 2011, 10:44:23 am »

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #10 на: 29 Април 2011, 14:47:49 pm »
Абе ми треба колата, а за да ги сработат морам да ја оставам пошто ми корјат на лице место, не со шаблони и слично. Да поминат празнициве па ќе ја однесам да ја довршат.

Инаку, Дени, Сале и Џиџи ги видоа предните седишта. Нека кажат лични импресии, а јас после ќе ги сликнам и ќе залепам слики за да не те држам во неизвесност. Потоа кога ќе ги довршат ќе ги додадам и новите слики.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #11 на: 29 Април 2011, 15:35:26 pm »

Ја видов денес колава на факултет, паркирана до eclipse-от, една кола ве делеше :P

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #12 на: 29 Април 2011, 15:41:33 pm »

Ја видов денес колава на факултет, паркирана до eclipse-от, една кола ве делеше :P


Ова е за во рубриката "го видов" :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10567
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #13 на: 29 Април 2011, 16:32:27 pm »
Еве ја прв ќе се произнесам: ТОП се стварно, неможеш да приметиш дека има навлаки, а посебно ми се бендиса делот околу airbag-от страничен на седиштето!!!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Mazda 6 + gOJDO во посета на Самад!!!
« Одговори #14 на: 29 Април 2011, 16:38:02 pm »
Кај се наоѓаат овие Самадовци поточно и посликовито??