Летово се заинтересирав за количево и гледав неколку тестови. Релативно скапо, и највеќе ме кочеше што тогаш немаше прозори па беше непрактично за зима. Сега пред месец дена или така нешто му го измислија ова пластичниов прозор, ама пак вака по слики ми личи на некое половично решение.
Иначе супер ствар за низ град и баш ми е мило што почнаа вакви измишљотини и сериски да се продаваат. Тоа ќе доведе до нивно усовршување и секако пониска цена во иднина.
Скутер за во лето, ова за во зима!