Здраво дечки, форумот ви е одличен, веќе некое време ве следам.
Ме интересираат неколку работи за моторов, па кој знае нека одговара
-PD технологија, неговите дизни, дали често страдаат и се скапи за замена?
-Турбото, имам читано по англиски форуми дека „врти“ без проблем до кај 150 000, после тоа колку му е пишано
Мислам дека не беше VNT (со променливи лопатки) дали тоа според вас е позитивно или негативно?
-Сет кумлунг, дали е DMF (двомасен) и колку би чинела замена? Сепак е кумплунг, кога-тогаш ќе мора да го менуваш...
-Тој што возел 1.4 тди, ако може да направи една споредба со 1.4 тдци/хди (како мотор со иста кубикажа кој го имам возено во фиеста)
Го меркам ова чудо исто како и стариот докажан 1.9 тди, имам возено 1.9 тди 101 кс PD, но со малиов немам никакво искуство.
Поздрав