Пред некое време ја најдов статистиката што имам возено на симулатор (GTR2) - имав нешто над 2 000 000км...2 и пол години веќе не возам, страшна бројка е тоа на симулатор, GTR2 ја добив за Велигден 2007, возев до 2011...во меѓувреме имаш GT Legends, Race07, iRacing...Вкупно од 2006 - 2012, сите симулатори, таа бројка стигаше до 3 800 000
Повеќе се посветував на тоа отколку оние во стварност што се посветуваат. Ама тоа е, сам свој масјтор, сам сетап, сам телеметрија, анализи со Motec, што не...едно време ми се смачи, ама сега повторно имам желба, но немам време
За PS3, искрено не би одел, какви шанси пропуштив во животот, тргнувајќи од картинг како мал (се немаат пари, 50К ЕУР за една сезона за сите трки во Европа), па тргнувајќи од симулатори
1. WTCC на симулатор, Dodge Caliber даваа, немав 18...
2. iRacing, Jetta TDI Cup - даваа спонзорство за шампионот во сезоната преку цела година на симулатор (само за државјани на Америка и Канада, сите беа тапи)...
3. iRacing, 8 најдобри од секој континент со Formula Mazda, главна награда $20 000, се возеше финалето на CEBIT во Хановер, второ најбрзо време имав од сите, немав 18
И тако даље....сум возел со:
-Michael Stephen (Touring Car шампион од Јужна Африка, 5ти на светско финале во Картинг)
-Fernando Rees (сите го знаат кој возел симулатори онлајн, F3000 со Хамилтон и Кубица, прв пик на McLaren, се додека не го скрши вратот на тестирање, сега е во Larbre Competition, FIA GT)
-Shane van Gisbergen - V8 Supercars
-Sean Edwards (нажалост, RIP, страшно добар возач)
-Max Dell Orco (Italia картинг шампион)
-Rudy van Buuren (EU Junior картинг шампион, возевме во тим заедно, Inex Racing)
-Marin Colak (WTCC)
-Adrian Sutil, Lewis Hamilton (нема потреба да објаснувам, ќе се обидам да ја најдам сликата со Хамилтон)
-итн...
И сеа се пофалив за сите годишни времиња. Ај чао.