Најдов нешто вакво, па можда некој што се разбира повеќе, ќе може да ти помогне за тоа какви сијалички ти требаат.
На овој
сајт имаат и некаков LED conversion kit за внатрешните сијалички.
Веројатно можеш да отидеш во Авто лидер во Чаир, Карнер, Кармакс, Старс ауто во Ѓорче (на тие ми текнува во моментов) и да прашаш на лице место, дали знаат они какви требаат, што пари се итн итн...
Ја би ти препорачал, ако никој не даде некаков конкретен одговор, да ја отвориш таблата, да видиш какви сијалички ви требаат и со мустра да одиш да купиш нови, за да не си даваш пари за џабе, ако ги утнеш сијаличките.
Има пуно Опелџии на форумов, белки ќе се погоди некој да знае нешто повеќе