Биднаа знакчињата.Пластидипот е одлична работа.Процесот на фарбање беше многу лесен и едноставен а на крај резултатот е одличен.
Ќе видиме како ќе биде во однос на издржливост.Мене лично,што е и најбитно,ми се допаѓа како излезе.
Сликите се лоши,во живо е многу подобро.
Се што правам на колава го правам зошто мене ми е ќеиф,не зошто ми е досадно,или зошто не знам што да правам,време немам на претек ама наоѓам после работа до доцна навечер за колава.После толку време,труд и пари ни најмалку не сакам да ја направам колата шабанска,али терминот шабанска е индивидуална работа.
Ете и една голема благодарност и до луѓето што ми помагаат во целиот овој процес на средување и работат во гаража до доцна.
Без тие луѓе сето ова ќе беше многу потешко или воопшто немаше да биде

Се работеше до сега и на бандажите ама здравје утре би требало да бидат на кола,па ќе видиме колку шабански ќе излезат бидејќи одбрав несекојдневна боја


