Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Тоа значи дека на Автопат несмее под 60кмч. Ниту возила кои имаат максимална брзина под 60кмч, (трактор, велосипеди со мотор, комбајни, спори камиони и слично)
Ама и на пат резервиран за сообракај на моторни возила. Патот од гостивар до охрид каков е ?Пат резервиран за сообракај на моторни возила ?Магистрален пат ?Регионален пат ?Според мое толкување, станува збор за пат резервиран за сообракај на моторни возила од регионален карактер оти не се надоврзува со пат од друга земја.
Цитат: Deni на 02 Февруари 2014, 23:02:24 pmТоа значи дека на Автопат несмее под 60кмч. Ниту возила кои имаат максимална брзина под 60кмч, (трактор, велосипеди со мотор, комбајни, спори камиони и слично)Не пишува никаде дека не смее на автопат да возиш испод 60км/ч. Прочитај си одново и повнимателно.
Онак, ова е тоа од претходната страна што го постирав, тоа го кажаа неколку члена, само немаше цитат од законот.
24. Сообраќај на автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила Член 134 (1) По автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат пешаци, велосипеди, работни машини, мотокултиватори, трактори, запрежни возила и добиток, ниту возила кои според одредбите на овој закон не се сметаат за моторни возила. (2) На автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат ниту моторни возила, кои според своите конструкциски својства не можат да се движат со брзина од најмалку 60 километри на час. (3) Одредбата од ставот (2) на овој член, не се однесува на возилата на Армијата на Република Македонија, Полицијата, како и возила на правното лице надлежно за одржување на патишта, кога давааt посебни светлосни знаци (жолто трепкачко светло). (4) ) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. (5) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече на пешакот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.