Недеља, проклета недеља...
абе цела недела, не знам што му е на луѓево...
многу ме лутат...
го чекам да помини да не му го сечам патот, а полека полека, и на крајот си врти в уличка без жмигавец и јас испаѓам морон што сум го чекал толку време да помини...
правам маневар на улица за да си го оправам патот наназад, а едно детиште таксист го гледам фаќа кривината и се сили на кај мене ко небате возот ќе му побегни... И на 10 цм од мене кочи нервозен ми се сврти и почна нешто да ми мумла...
....Ами пингвин еден, не гледаш дека вртам, плус тоа џган луѓе беше по улицата. Шо да и направам в раце да ја кренам? Шо опинаш ко в бечви ко нема пат да поминиш... море глуп народ... Малце толеранција бе луѓе! Ископани се сите улици во градов , кај да одам, да летнам?...
Ама барем му изнакажав се по список до 4то колено уназад...
Друго...
субјект: две кокошки
објект: Мерцедес А
локација: кај мене пред порта...
во 7 летам за на работа забаен , таман да да ја изнесам од двор глеам на ретровизор 2 гуски, паркира колата пред порта кај мене, заклучува си заминува...
ами тупа една, шо си викаш, шо сум ја отворил портата, можи ќе и проветрувам на колата...
И ај јас барај ги во тоа амбулантата до мене...
И ГИ НАЈДОВ
добро и викам, колава овде се остава? - Абе, рече, за една минута бев...
Среќа нејзина што не беше стариот место јас, тој одма ќе и ги направеше панделки брисачите...
и тоа не е се... продолжува...