Автор Тема: Ми нудат Лап топ Sony VAIO intel core i7 2Ghz за 700 евра.ВРЕДЕ ЛИ......  (Прочитано 8265 пати)

Присутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Значи ми нудат лап топ сони ваио i7 2Ghz  процесор,8 гига рам,графичка енвидија 540м,блу раи,фул хд.....ми го нудат за 700 евра.Вреде ли,бидејќи колку што гледав по нашите Ити продавници таков уште не се нуде.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Има гаранција? Има сервис кој би го поддржал?

-Ако ти треба лаптоп, јас би го земал. Добро машинче. Само ќе ти треба и ладилник за таа мрцина. И редовно чистење.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Сервис за Сони нема кај нас. А цената ми е некако пониска одошто треба да биде. Нешто ми смрди тука. Јас не би.

како прво, И7 во лаптоп е тотална гпупост. Го имам кај мене во лаптоп и радо би го менувал за И5. Башка фалат уште параметри. По цената сигурно нема ССД во тој лаптоп ама и така и така цената ми е сомителна. Кој ти го нуди и со кои услови?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
леле 700 евра за лап топ. ти треба толку моќна машина. Ако стварно ти треба тогаш ок? ама ако само бараш лап топ имаш за помалце пари одлични комбинации.

А веке ако даваш 700 евра би се надоврзал на дени, гаранција сервис ?????

да имам 700 евра за фрлање би зел некој apple

Присутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Гаранција нема,денес случајно бев да му инсталирам нешто,личноста што го продава е возач на камион и најверојатно е краден па продаван.Можно е уште да му ја симнам цената,но прво детално ќе го проверам,имам другар програмер,сервисер па ќе го однесам кај него да го види.Гледав на нет сони и5 со 4 гига рам за околу 60 000 ден.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Aко е вистина краден, ценкај се и пакуј.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Баш за 700€ или 1000 допари, купив за една другарка од и беј ваков лап топ.
и7 8 гига рам, ова она........ ЅВЕР!

Еден од најубавите лап топ-и што ги имам видено/работено.

Цената е таа да го купиш од продавница од УСА, регуларно со 3 год гаранција (евентуално 5год). Така да ако ти го даваат за 500че или пониско, земај го.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Не е 60  000 таа кофнигурација сигурно, за 60к Мек можеби. Без гаранција на црно ако ти го даде за 500

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Ни под разно не би го зел.

i7 на 2.7 ghz со 2 год. гаранција имаш за пониска цена

Lifebook AH531,
Glossy Black, 15.6 Glare HD (1366x768) LED,
INTEL Core i7-2620M (2.7 GHz,  cache 4 MB), 4 GB DDR3 (1333 MHz),
500 GB 5400 rpm,
nVidia® GeForce® GT 525M Graphics with 1GB VRAM,
Gigabit, b/g/n, BT 2.1, WiDi support, DVD±RW DL, 1.3 MP, 6-cell, 4-in-1 (SD, SDHC, MS, MMC), ExpressCard slots,
HDMI,
No OS,
2 yw Collect & Return

€680

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Паметно ти вика Куоре.
Тој без гаранција ништо,може за недела дена ќе ти рикне!

Присутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Ми нудат Лап топ Sony VAIO intel core i7 2Ghz за 700 евра.ВРЕДЕ ЛИ......
« Одговори #10 на: 26 Февруари 2012, 22:08:28 pm »
Да да во право сте,ако ми го даде под 500 можеби би го земал,но вечерва ќе разгледам некои опции а и другар ми ќе го ангажирам малку да ми даде некој совет сепак,програмер е.Фала на советите.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ми нудат Лап топ Sony VAIO intel core i7 2Ghz за 700 евра.ВРЕДЕ ЛИ......
« Одговори #11 на: 26 Февруари 2012, 22:14:31 pm »
Ауди ни за 500 не го зимај. За 500 евра имаш убави нови лаптопи со и5 што ќе ти вршат работа. Јас не би размислувал да го земам тој Ваио

Присутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Ми нудат Лап топ Sony VAIO intel core i7 2Ghz за 700 евра.ВРЕДЕ ЛИ......
« Одговори #12 на: 26 Февруари 2012, 22:19:29 pm »
Да да ќе анализирам,ке гледам само овој малку ме импресионира,блураи,фул хд,8 гига рам,ама не сум сигурен,немам гаранција немам ништо.И јас сум за нешто ново,затоа не се брзам има време,малку ке си поанализирам.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Ми нудат Лап топ Sony VAIO intel core i7 2Ghz за 700 евра.ВРЕДЕ ЛИ......
« Одговори #13 на: 26 Февруари 2012, 22:57:51 pm »
Одличен ноутбук за одлична цена. Ако е нов, нема што да му ја мислиш. Кај нас во најмала рака би се продавал  1100 евра со попусти/дилерски и слично. Тоа сигурно можам да ти го потврдам затоа што во моментов барам нешто слични конфигурации само моите се со SSD, и малку помоќни процесори. Ако не се одлучиш да го купиш те молам дај јас да го земам за тие пари.

Ни под разно не би го зел.
Толку разбираш, затоа/  ;D

Цитат
i7 на 2.7 ghz со 2 год. гаранција имаш за пониска цена
Немаш!

Цитат
Lifebook AH531,
FS Lifebook е ниска класа на ноутбук кој никогаш не можел да се споредува со Sony VAIO затоа што разликите во квалитетот на изработка и вградени материјали се разликуваат со многу скалила. Нешто слично ко да споредуваш Maserati со FIAT. Нели нема логика?

Цитат
Glossy Black, 15.6 Glare HD (1366x768) LED,
Најефтин можен дисплеј, TN LBL 1366x768. VAIO-то има Full HD S-IPS панел кој е 5 до 10 пати поскап од тињата која ја предлагаш. Спсредбата е ала Масерати со Фиат.

Цитат
INTEL Core i7-2620M (2.7 GHz,  cache 4 MB),
Нудиш двојадрен процесор за разлика од оној во VAIO-то кој е четиријадрен. Нема логика.

Цитат
4 GB DDR3 (1333 MHz),
VAIO-то има дупло повеќе РАМ.

Цитат
500 GB 5400 rpm,
Не знаеме што носи VAIO-то, но судејќи според дисплејот и рестото хардвер, 99% сум сигурен дека има или SSD или хибрид и хард-диск на 7200RPM. Во најлош случај ќе бидат исти, во најдобар повторно Масерати версус Фиат.

Цитат
nVidia® GeForce® GT 525M Graphics with 1GB VRAM,
VAIO-то има помоќна графичка 540M со дупло повеќе видео меморија - 2GB.

Цитат
€680
Практично VАIO-то за иста цена е мноогу, мноогу подобро. Или најсоодветна одсликување на споредбата во автомобилски жаргон е споредба на Масерати со Фиат бидејќи ги сакаш итаљаните. За оние кои сакаат шваби ова би му дошло ко да споредуваме S класа на Mercedes со Opel Insignia.

Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ми нудат Лап топ Sony VAIO intel core i7 2Ghz за 700 евра.ВРЕДЕ ЛИ......
« Одговори #14 на: 26 Февруари 2012, 23:53:29 pm »
Се сложувам Гојдо. Ама јебеш машина ако не ти користи и ако си баксуз. Тука е ризикот. Затоа предлагам нов а послаб, иначе конфигурацијата е супер и ВАИО е супер. Типичен високотехнолошки и високо квалитетен произвеод дизајнирам за американски пазар и купувачи.