Здраво и ти благодарам на поставените прашања.
1. Во Македонија единствено МАКПЛИН е овластен дистрибутер на ДЕНСО производите тоа можете да го проверите на следниов линк
http://www.denso-am.eu/whereToBuy.asp , тоа значи дека се она што ќе го купите по многу пониска цена е увезено на црно и не се знае дали е оригинал. Ние како увозници на свеќици кои се произведени надвор од Европска унија плаќаме 8% царина, со што нашата цена веднаш се разликува од цената на Бош, Бриск,....
Доколку ги споредите цените со НГК ке видите дека се слични, одредени типови на НГК се поевтини кои се произведени во Франција ( значи -8% ).
2. СИП свекиците се најнова технологија на ДЕНСО, со што нормално е да е толкава цената, инаку сите наши конкуренти сеуште неможат да ја достигнат технологијата на ДЕНСО за изработка на централна електрода од 0,4мм ( Иридиум свеќица ) а не камоли СИП свеќиците.
3. Гаранцијата за свеќиците важи од повеќе фактори ( кабли, бомбина, ламбда сонда,дали возилото е на плин), поради што ние и сите останати производители на свеќици не даваме конкретна гаранција, туку кажуваме колку треба да траат доколку е во ред се со возилото.
4. Монтажата на свеќиците вршме доколку е лесен пристапот до свеќиците, доколку треба да се изврши поголем зафат потребно ќе биде да посетите соодветен механичарски сервис.
5. Цените се по парче, попуст не даваме на крајни клиенти.
Инаку СИП свеќиците поради големата цена ги немаме во нашиот асортиман.
На лагер ги имаме Стандардните, Платиниумските и Иридиумските свеќици со уникатна 0,4 мм централна електрода.
Следната недела треба да ги добиеме и ТТ свеќиците.
Инаку имиџот на ДЕНСО во нашава држава оди во нагорна линија, поради тоа што ние знаеме дека продаваме оригнал и квалитет а и нашите клиенти го потврдуваат тоа .
Незнам за каква реинкарнација зборуваш, за да имаме реинкарнација треба нешто да постоело, да живеело, да го снемало па да реинкарнираме.
ДЕНСО се роди на 01.03.2012 во Македонија и сеуште живее и штотуку почнува да расте и да се развива.
Поздрав