Увек ми биле слатки овие Кангуава... Би те прашал како се понаша на пат, пошто сепак е комбенце... Ме интересира од аспект на комфор, држење на пат и слично. Имам искуство со Сеат Инка (не се произведува веќе нели), ФВ Кеди, Форд Транзит Конект и Мерцедес Спринтер. Мерцедесот не ќе да е во оваа класа, така да, ќе го тргнеме настрана... Ме интересира Кангуто какво е онака, за секој ден, ама како службено возило. За мене, Кеди е убедливо најбољи избор сега за сега, поради тоа што има фантастично држење на пат и возни карактеристики, со оглед на тоа што е товарно возило. Што е уште побитно, внатре не се осеќа како комбе, туку како патничко возило. Ова не е баш случај кај Фордот и кај Фиат Добло. Со францускиве модели неам никакво искуство, а наскоро ќе треба да набавувам ново службено, па ме интересираат искуства со Кангу, како еден од потенцијалите. Иако знам дека сега има нов, сакам да знам, какво е старото Кангу за секојдневен живот.