Свифтот напунет до даска, тој што го имам по слики ставено доаѓаше 11.500 мислам. Значи со круз контрола со алуминиумски бандажи, внатре цакум-пакум. Едино што ќе треба да се инвестира после купувањето, е клима-фолии и ксенон светла. Значи едвај 200 евра плус за колата да е врв.
Тест имаш тука:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,1899.0.htmlФиестата е Врв, само потрошувачката е за литро повисока од свифт, и сервисите се за нијанса поскапи од свифт. Така да целокупно ќе дојде малку поскапа, за привте 50.000км. А Титаниумот, кој топло те советувам да го гледаш е околу 11.000. Значи исто како свифтот, ќе му дојде. Мислам дека фиестата нема круз контрола, треба ова да прашаш. А додатоци ќе фалат, во поглед на клима-фолии и ксенон исто како кај Свифт.
Значи овие две коли се скстремно блиски. Само да видиш која ќе те бендиса.
1. Swift GLX
2. Ford Fiesta
-
4. Seat Ibiza
Свифтот е моментално најефтино возило за првите 50.000км, така да тоа би бил мојот избор. Фиестата поубава на изглед, па тоа би бил мојот втор избор доколку не ти се допаѓа Свифт.
Зборувам исклучиво за Свифт со најфул опрема на свет и Фиеста исто така. Ако се работи за некој модел без браници во боја или со раткапни... Одлуката е кола на старо. Или нешто како Астра Класик 1.6.
Бев денес го видов Свифтот и до сега ми остави најубав впечаток се додека не ми понудија примамлива понуда во Сеат за Ибица Спорт Купе, а Фиестата е многу тесна позади и кровот е низок мада тоа не ми е многу битно.
Дени, а за Ибицата што ќе кажеш?
Ибица не би коментирал. Не ми се допаѓа. Ја имам возено и не ме бендисува, некако. Особено споредена со другите две.