Автор Тема: Додавање на ТЕМПОМАТ на кола која го нема.  (Прочитано 43624 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13469
Одг: Додавање на ТЕМПОМАТ на кола која го нема.
« Одговори #105 на: 07 Декември 2016, 17:54:17 pm »
Колку што можам да видам и разберам, зависи каква инсталација има во колата.

Конкретно јас гледав кај Опелите (Astra H, Zafira B) и гледав дека некои имаат а некои немаат cruise control.

На крај испаѓа дека само се зема нова палка која има cruise (има се продаваат по ebay) и само со OPCOM се активира.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Додавање на ТЕМПОМАТ на кола која го нема.
« Одговори #106 на: 07 Декември 2016, 21:21:36 pm »
А како е кај vw групацијата?

Конекретно за пасат од 98' ме интересира, нема темпомат колата ама ако е вака како што кажуваш само нова (или половна) лева палка која има темпомат и само да се активира преку дијагностика.  ???

Ако е така, не би требало да е скапа инвестиција, некои 2000-3000мкд ваљда м?  :D
Ме замисли искрено...   ::)

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
Одг: Додавање на ТЕМПОМАТ на кола која го нема.
« Одговори #107 на: 08 Декември 2016, 00:22:19 am »
^
Така е и за пасатот. Другар на голф 3 местеше, си функционира се како што треба.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Додавање на ТЕМПОМАТ на кола која го нема.
« Одговори #108 на: 08 Декември 2016, 00:57:58 am »
https://sites.google.com/site/1810martin/cruise-control-retrofit-b5-passat

Според ова, па и не е ни нешто комплицирано ама не е ни лесно.  :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Одг: Додавање на ТЕМПОМАТ на кола која го нема.
« Одговори #109 на: 08 Декември 2016, 22:09:15 pm »
Тргнав да отворам нова тема, ама ја најдов оваа. Сакам да вградам темпомат на bmw 1 e87. Сам не сакам да чепкам, не се разбирам во тоа. :) Набрзинка што читнав ќе ми треба ракетка за темпомат да купам, да се вгради тоа и програмскиот дел да се среди. Некој кај нас што би се нафатил да го направи тоа ? Некој член што направил ваков зафат, совет искуство ? :)

Кај тебе е малку комплицирано. Треба да се вади волан, па да се купи цел сет од палки и да се активира во компјутер.
Еве видео.



Јас сам си местев кај мене на 147 и многу е едноставно. Plug and play. Се става само таа палка со еден штраф се конектира и тоа е тоа.
Нит компјутер нит бутур.

Отсутен Pane_G

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Додавање на ТЕМПОМАТ на кола која го нема.
« Одговори #110 на: 28 Март 2018, 22:55:46 pm »
Ај да живнеме малку темава. Ме интересира дали има можност да се инсталира темпомат на мојот Ауди А4 тди 2002/3 год.?


Sent from my iPad using Tapatalk

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
Одг: Додавање на ТЕМПОМАТ на кола која го нема.
« Одговори #111 на: 22 Јуни 2021, 19:25:34 pm »
Да ја реактивирам темата.
Дали знаете да ми препорачате некој во Скопје за вградување на темпомат. Барав низ Струмица ама не најдов некој што би ми завршил работа.
Се работи за Passat B5.5 и сакам да си вградам темпомат.
Видов на фејсбук Авто Клиник работат тоа, имал некој искуства со нив?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5635
Одг: Додавање на ТЕМПОМАТ на кола која го нема.
« Одговори #112 на: 22 Јуни 2021, 19:32:01 pm »
@Balanar

Sent from Poco X3 NFC using Tapatalk

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Додавање на ТЕМПОМАТ на кола која го нема.
« Одговори #113 на: 23 Јуни 2021, 06:57:30 am »
Да ја реактивирам темата.
Дали знаете да ми препорачате некој во Скопје за вградување на темпомат. Барав низ Струмица ама не најдов некој што би ми завршил работа.
Се работи за Passat B5.5 и сакам да си вградам темпомат.
Видов на фејсбук Авто Клиник работат тоа, имал некој искуства со нив?
Оди во автоклиник и не се замарај, дечкото е цар!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk