AUDI 1.8 TFSI НОВ ИНОВАТИВЕН МОТОР
Нова технологија на убризгување на горивото-многу сила и мала потрошувачка на гориво,170КС и 320НМ со просечна потрошувачка од 5.7Л/100КМ
За разлика од FSI моторот кој користи само директно вбризгување на гориво, новиот TFSI мотор користи и индиректно вбризгување на горивото.
Ауди ги објави деталите за својот нов иновативен мотор 1.8 TFSI, прав технички бисер кој донесува нов систем на вбризгување на горивото и разладен систем кој има потполна електронска регулација.
Новиот 1.8 TFSI мотор има четири цилиндри, директно вбризгување и турбо полнач.Со новите решенија се добива многу сила и мала потрошувачка на гориво.
Овој мотор, со зафатнина од 1798 ссм развива 170КС при 3800-6200 в/мин. и најголем вртежен момент од 320 Нм во распон од 1400 до 3700 в/мин.
Овој мотор вграден во Ауди А5 купе во комбинација со рачен менувач, од место до 100 км/ч стигнува за 7,9 сек и постигнува максимална брзина од 230 км/ч.И покрај завидно високата снага, потрошувачката е исклучително мала и во просек изнесува 5,7 Л/100км. Тоа е смалување на потрошувачката на гориво за 21% во споредба со моторот кој го заменува. Новиот состав на вбризгување е компромис на индиректно и директно вбризгуваењ на гориво, бидеќи во поедини циклуси на работа на ноторот горивото се вбризгува во усисната грана каде во турболенција се меша со воздухот.
Со ваков пристап во Ауди укажуваат дека се постигнува многу помала потрошувачка и значајно се намалува емисијата на цврсти честички (чад).
Системот за вбризгување работи со притисок од 150 до 200 бари, а во состојба е во еден циклус да изведе до три вбризгувања на гориво.
Моторот 1.8 TFSI ја постигнува Еуро 6 нормата за издувни гасови која стапува на сила 2015 год.
Разладниот систем кој има во потполност електронска регулација елиминира паразитско создавање на топлина и многу попрецизно ја одредува температурата на воздухот кој го користи моторот. Дополнително е смалено триењето во моторот и е вграден потполно нов турбо полнач кој од самиот почеток дава релативно висок притисок на натполнењето од 1.3 бари.
Иновативната конструкција на турбината е изведена од нови легури кои издржуваат високи температури и до 980степени. Новиот мотор има и намалена тежина од 135 на 131,5 кг во однос на стариот.