браво и честитки за изгледот на колата. обично колите ги сакам такви какви што се стегнати со минимални детали но ова твоето е направено ептен со вкус. според мене доволно е, не треба ништо повише.
е сеа ми се јавија неколку прашања читајќи ја темава со меганите што ги имаш, ќе почнам со ред. прво за чип-тјунингот на другиот меган, каде го намести и колку те кошташе и какви се искуствата потоа во поглед на потрошувачката и се доби ли повише снага која е очигледна. второ, ксенон светлата каде ги местеше пошто на меган е ептен недостапно за промена на сијаличка а не па за ксенон кит да се вгради претпоставувам цела пластика се вади одоздоле или можеби има друга финта, и дали автоматски ти се палат светлата со моторот да не му штети на ксенонот тоа пошто на обичните сијалици му штети и побргу прегоруваат. и трето, ми се бендисаа затемнетите штопови каде ги направи или сам ги направи и како