Па, конечно пронајден примерок што ги задоволи моите критериуми.
Истото е од прв сопственик и е повеќе од 10год. паркирано во гаража, односно соба. Изминати километри 25000, ентериерот е во беспрекорна состојба, треба да ги исфрлам навлаките само.
Во моментов од планови за него е следното:
1. Да се средат кочници комплет.
2. Да си добие алу бандавчиња, имам дома избор од 2-3 сета, ќе видам кој лежи најубаво.
3. Карбураторот е за репарација ама нема да го правам, ќе добие двогрли 30/32.
4. Сет ребраст со клинаст да му сменам.
5. Масло и филтри, без полен филтер 🤣
6. Регистрација и возење.


