Предходниот модел, пред фејслифт и фејслифт генерално и ги нема на продажба по пазар3 и компанија или многу ретко. Што укажува на фактот дека релативно малку се продавале (кај нас) а и тие што ги имаат се релативно задоволни па ги тераат. Во моемнтот кога јас го купував си чекав 3 месеци бидејќи си бирав што да има, и одбрав се осем сончев кров. Ми шепнаа дека звучната изолација што ја барам ( а претходно само за неа од форуми знаев ) никогаш досеа не ја нарачале ниту во едно возило. Тогаш беше некои 600 Еур доплата, ама ја сакав бидејќи коментарите од форуми беа ептен позитивни.
Кај Шкода, за разлика од другите ВВ брендови доплатата е многу коректна, да не речам ефтина, па затоа и се залетав. Ставив и автоматска кука на копче и автоматско паркирање, за кола и приколка. ДЦЦ-то работи перфект и она само кочење при евентиална незгода. Поучен од претходното А6, ми беше криво што ми фалеа опции кои фабрички не ги ставив, а импортерот за да има подобра цена и да може да продаде не ги става во игра. Сепак мораат и тие да продадат а да не им биде пре астрономска цена.
Овдека ценовно дигнатиот нос останува, па според германска (западна) корпоративна логика, производот нема да го продадат под одредена линија на маржа, па макар и не го продале. Словенците (Порше Словенија) за да останат во игра со продажба, ги регистрираат новите возила и такви им постојуваат на паркинг 3-4 месеци за да имаат оправдување на пониската продажна цена. Нашиве се свртеле кон second hand продажби за да се доближат и продадат нешто. Се на се гордо ги држат маргините на профит па макар се ус*але и дошле до тоа да затвораат фабрики.
Кај Кодиаков малку работи послушале од форумите. Улежани се, самобендисани како впрочем и повеќето европски производители. Таргетирале купувачи кои сакаат ГОЛЕМ но не и практичен СУВ. Претходниот се возеше како хечбек кола, овој богами заличува на Аутлендер во возните својства.
Вака фенси изгледа и има џирла ко за програмер кој прв пат би купил возило после Јарис, ама за возач и редовен корисник не би привлекло внимание.
Ако ставиле во тој што го возев звучна изолација како што вика
@zeroSignal тогаш нешто шпарале.
@miksi Се зима, зависи што ти треба за возење. И која година на производство си ти
Пред помалку од 10 години и јас викав никад СУВ.Па кога прв пат влегов без кичма крц ко у претходната шеска, ми се виде саливено, и сеуште е.
На крајот на краиштата и ова може да биде интересно возило за година/две кога ќе ги пројде првите породилни маки и проблеми, а можеби и добие акциски цени. Ако некој се опамети и повлече нога кај европејциве. Дотогаш ќе улетаат кинезиве со некој Џим унг шонг пунг и ќе ги разнесат. А уште малку имаат време да се разбудат.