Автор Тема: После чистење на клима , далечинското не работи  (Прочитано 740 пати)

Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
    • proskytv.net
Здраво на сите. Возам скоро 6 месеци Opel Astra J 1.7 cdti 2011 година, во колата мирисше лошо па решив да ги исчистам каналите од климата/вентилација.

Купив од лукоил спреј за чистене клима .

Ги наполнив каналите со средството чекав 10 минути пената да се соборе надолу во каналите. По 10 минути ја стартував колата да работи во лер едно 15 минути и ја активирав климата. Приметив дека водата истече долу кај совозачкото место кај нозете кај што стои полениот филтер. Утредента ми откажа бежичното заклучување и отлкучување на колата.

Клучот ако го ставам во бравата ја отклучува само возачката врата. Дијагностиката ми ја дава следнава грешла

DTC B3101


Клучот го тестиравме емитува RF.

АКо има некој совет. Фала многу

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3156
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Па очигледно дека си ја утнал со самото чистење на климата  и си направил некој спој...најверојатно на бцм-от

Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
    • proskytv.net
Се прави тоа БЦМ то или ке мора цел модул да се менува ? Долу стои кај совозачкото место .

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6287
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Повеќе пати имам пишано, еве и овде пак, пошто ете заебанција кога се прска во вентилационите отвори, што не треба!

Тоа средство се прска кај испарувачот (evaporator), и да си истечи под кола каде што капи климата, а не внатре вкола.   :D
Неможам да ти поможам за проблемот, ама за друг пат ќе си знајш.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3156
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Повеќе пати имам пишано, еве и овде пак, пошто ете заебанција кога се прска во вентилационите отвори, што не треба!

Тоа средство се прска кај испарувачот (evaporator), и да си истечи под кола каде што капи климата, а не внатре вкола.   :D
Неможам да ти поможам за проблемот, ама за друг пат ќе си знајш.
така е

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Пробај следново.
1. Вади клеѓа од акумулатор, почекај 15мин и врати ја. Да видиш може ќе се ресетира.

Ако не бивс тоа
2. Оди да ти ка избришат грешката.

Ако не бива тоа
3. Цепај на автомеханичар.

Гледам на интернет, им страдаат тие модули од вода. Ги сушат и прелемуваат.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
    • proskytv.net
Пробав процедурата, не работи.
Електричарот кажува дека цел модул треба да се смени и репрограмира
« Последно менување: 20 Мај 2024, 17:02:39 pm StefanMK »

Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
    • proskytv.net
Одг: После чистење на клима , далечинското не работи
« Одговори #7 на: 14 Септември 2024, 21:57:40 pm »
Здраво на сите , ако има некој Vauxhall GlobalTis Програма ако сака да ми прати електрична шема за колава Опел Астра ј 1.7 2011
имам проблем со bcm модулот најверојатно.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 774
Одг: После чистење на клима , далечинското не работи
« Одговори #8 на: 16 Септември 2024, 12:25:23 pm »
Ова е правилно чистење @dame @Power to the people ? ;D

VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6287
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: После чистење на клима , далечинското не работи
« Одговори #9 на: 16 Септември 2024, 13:11:15 pm »
Правилно е вака, со две забелешки:

- Одводот за водата на пример кај мене е под термичката заштита од ауспухот и е непристапно, нема шанси одоздола да го закачам средството,
ама затоа рено имаат посебен отвор кај филтерот за климата за прскање на истото што верувам и на други возила е така за полесно и редовно чистење. (Меган 2 и 3)

- Вториот спреј изгледа е сличен како бомбата што се става во ентериерот, немам искуство со нив, а мислам е поедноставно така него да прскаш во отворот од климата каде за некои возила тешко е да го лоцираш истиот.


Јас лично пената не ја трошам цела, туку пола и за вгодина ќе си имам пак за наредната промена на филтерот.