Автор Тема: Formula 1 - Season 2024  (Прочитано 10487 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54885
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2024
« Одговори #90 на: 10 Јуни 2024, 12:55:31 pm »
Макс ни крив ни должен си тепаше. Мекларен два бокса зезнаа, ферари уште славеа. Како и да е, предобра трка. Мислам дека Хамилтон ако се дадеше на крај можеше комотно второ место да им земе.  Хардовите идеално се разработеа на крајот.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6171
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2024
« Одговори #91 на: 11 Јуни 2024, 07:53:29 am »
Големи придонеси за интересни трки најмногу придонесува и Сарџент, штета Монако потфрле а овде немаше потреба да надохнадува, дождот беше доволен, ама ете...

Се надевам РедБул ќе ја изгубат конструкторската титула, оти Перез за стап не го бидува, полош втор возач не сум видел, Макс прв овој осумнаесетти.
Му даваат болид за шампион да стани, тој за поени се бори, брич невиден.  ;D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6171
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2024
« Одговори #92 на: 04 Јули 2024, 07:34:36 am »
Последен круг на Хулкенберг вс Перез шитерот.

Понови гуми, помеки, побрза кола, Хулкенберг грешка направе и пак Перез се посра. 
Дури Перез стартова пред него а заврше после него, па Строл не е толку слаб. ;D

(не отвора дирек, „формула 1 авторски права глупости“)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54885
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2024
« Одговори #93 на: 04 Јули 2024, 07:55:06 am »
Мислам дека и го предупредија неколку пати да пази на тоа место за ДРС. Неколку пати го утна.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3688
Одг: Formula 1 - Season 2024
« Одговори #94 на: 04 Јули 2024, 08:47:19 am »
И јас сум со мислење дека Перез моментално е најслаб возач на гридот. Строл малце се поправи, така да останува Перез да си е убедливо најлош возач.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6171
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2024
« Одговори #95 на: 04 Јули 2024, 10:05:36 am »
Мислам дека и го предупредија неколку пати да пази на тоа место за ДРС. Неколку пати го утна.

Ланско видео беше тоа мислам, не знам дали престигна некој годинава.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Formula 1 - Season 2024
« Одговори #96 на: 08 Јули 2024, 08:40:31 am »
Одамна немам гледано поинтересна трка, Мекларен утнаа со стратегијата со гумите, Хамилтон шампионски, Ред бул го извади Вертапен за да стигне до подиум, ама затоа го жртвуваше Перез како тест возач да видат кога и какви гуми да стават.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6171
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2024
« Одговори #97 на: 09 Јули 2024, 07:45:51 am »
Мекларен ала Ферари во стратегијата, возачите се изборија на патека за 1-2 до вториот дожд и првиот пит стоп, и да не жртвуваат 5 секунди со дупли бокс (ќе паднеше под Хамилтон ама ќе беше пред Расел), го пуштија Пијастри на дополнителен круг на кој во претходниот Џојлон во живо кажа дека губат преку 10 секунди, а пошто и појача со врнење дури 20 секунди изгубе. Можеа дури круг порано да го викнат како Макс, ама... На вториот веќе му ја дадоа победата на Хамилтон, и по мое не заслужуваа бричојте да победат.

Ферари пак, на Леклерк му ја дадоа стратегијата од Перез. :-\