Автор Тема: Електричен велосипед, електричен скутер или скутер?  (Прочитано 1631 пати)

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Ако си од карпош https://www.biznisvesti.mk/zapochna-subventsioniraneto-na-velosipedi-e-trotineti-i-e-velosipedi-vo-opshtina-karposh/
Сум ама каде со 5000 денари субвенција. Срамота е што ја напишале така. Електричните велосипеди, барем тие што ги најдов, се од 80.000 денари нагоре.

Sent from my...


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Нема да има ни за 100 апликанти.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Се бара решение за превоз од и до работа (8 км) од едната на другата страна од Скопје. Се мислев за електричен велосипед арно ама многу ми се гледаат 2000 европски.
 Електричен скутер е фина варијанта и го има за 1400.
Најмногу би сакал обичен двотактен или четири тактен скутер ама половните се преценети.
Ме интересира што ќе препорачаат членовите на форумот. Благодарам однапред.

П.С. Ако пишаното е во погрешен подфорум слободно преместете го.

Sent from my...


Да напишам и јас мислење како член кој долги години користеше скутер двотактен за до работа и назад.
Пред да го купам скутерот, идев на работа (во ГТЦ) со кола, и за паркинг беше заморно секој ден да се бара кај Корчагин, па се решив на скутер, за да намалам време од врата до врата.
Земав Kymco Granddink 50ка, си ја бркаше одлично работата. После некоја година се префрлив со работа во близина на Сити Мол, па од дома (Ново Лисиче) до работа имав околу 8 или 9км во правец, ако не сум грешка. Ми требаа околу 20-25 минути, кога имаше екстремни гужви сум возел и по тротоар.
Со точак е поздраво, секако и поеколошки, али летно време е не практично, ќе ти треба туш и на работа, а па за назад у 17ч е пекол, не би препорачал ич.
Електричен скутер барем мене сега би ми бил прв избор, а ако имаш можност да го дополниш на работа ич не размислувај.
Електричен точак и електричен тротинет би ги ставил како следна опција, со тоа што точакот барем за мене е побезбеден, но ако лесно се потиш кога педалаш, тогаш тротинет.
Кој и да е изборот, секако опрема по пропис, внимателност екстремна, поготово со скутер, за да немаш незгоди.

Не сум возел четиритактен скутер, не би можел да коментирам. Двотактните се малце бучни и може да димат, ама ќе го најдеш соодветниот двотактол и нема да дими.