Делот со трпезата не би го коментирал. Сепак сите имаме различно ниво на култура.
Во однос на цената, се согласувам дека не треба да се гледа набавната цена, туку треба да се гледаат моменталните пазарни прилики или неприлики.
Јас моето возило го извадив од салон на 06.10.21 и сега не би го продал по цената по која го платив. Би го продал веројатно 5-10 проценти поскапо. Како што мислам дека споменав и претходно, потоа ќе можам да се сликам или да додадам уште 5-8 илјади евра за да купам исто возило од иста класа.
Во секој случај, тешко ни е да сфатиме дека вредноста на парите е изгубена веројатно поради фактот дека примањата сеуште не се зголемуваат. Полека и тоа ќе следи.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Ете гледаш, кога сакаш можеш конструктивно да разговараш.
Малку историја за Владич
Меганот2 1.5 дци 2005та во 2013 во Тојота старо за ново за Аурис ми го проценија 7000 евра, а во 2016та го огласив за 5500 (воден од цените на тековните огласи и неколкуте плацеви на кои беа крш до крш) и отиде уште првиот ден за 5.000, така испадна ценкањето а стотина евра плус/минуснемаа никакво значење

пошто амбиентот беше навистина пријатен и другарски.
Од една страна пазарот диктира цена, но ќе се изненадиш колку е во исто време жеден за сочувани коли со позната историја, добро, ако се сложат коцките на вистинско место во вистинско време

Ќе заборавев на главната поента, твојот Меган од 2012 мислам дека може многу лесно да отиде за 7000 евра со оглед на сите околности

но за 12.500 нема теорија
