Автор Тема: Услужен оглас Kia Sportage 1,6  (Прочитано 3820 пати)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #15 на: 13 Ноември 2022, 18:57:01 pm »
Не било купено 15, 17 било  ;D

Да не треба и да му се заблагодариме што не било возено, туку домаќински чувано?

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #16 на: 13 Ноември 2022, 19:17:25 pm »
Vladic, oglasi si brat.. ama sto ke kupis so tie pari e prasanje…


Noviot sportage so turbo e 28k


Sent from my iPhone using Tapatalk

25900 вели тука, за моделска 2023 год.

https://kia.mk/storage/app/media/Pricelist/2022/avgust/Pricelist_SPORTAGE_22MY_web.pdf

Нема врска, овој Спортаж од 2011 е со разработен мотор, помалце троши. Ќе купиш нов и први 2.000 километри треба да го пазиш, па кога ќе ти го изгребат за првпат нервози итн...

Затоа мислам дека околу 16.000 е реална цена на овој, како алва ќе оди за 12.000.

Едит - башка не е регистрирано, меракот да си го направи новиот газда, да не се глупира да префрла регистрација за 4-5 месеци. На буквално се е мислено.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #17 на: 13 Ноември 2022, 19:57:45 pm »
Mnogu kakate

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 965
    • nobrain.dk
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #18 на: 13 Ноември 2022, 19:57:50 pm »



Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #19 на: 13 Ноември 2022, 20:27:06 pm »
Како кажвате ко 12 и 25 исто да е, и сигурно ќе го спушти на 10тина иљадарки...многу е, ама Корона, Путин, многу гомна се собраа и тоа е  :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #20 на: 13 Ноември 2022, 21:42:44 pm »
Ај намалете со препукувања, понудата 4000 стои, ако давате повеќе пишете

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #21 на: 13 Ноември 2022, 22:27:56 pm »
Џабе филозофирање коај скоро 90% ради моменталната ситуација колата би си ја огласиле за 2к+ евра више него реалната. Никој не би се праел светец па да ја "поклони" по реална цена од пред ова лудило...

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7069
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #22 на: 13 Ноември 2022, 22:30:18 pm »
Ај намалете со препукувања, понудата 4000 стои, ако давате повеќе пишете
Преку сила 4.100 давам само затоа што ми е погодена бојата, а и бандашите ми се свиѓаат.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #23 на: 13 Ноември 2022, 23:00:42 pm »
Не знам колку пати досега објаснував дека нема врска колку е купено возилото.
Сегашниве цени на нови возила ги определуваат цените на половните.



Kолку што знам нов Спортејџ со турбо бензинец е 25к моментално. Овде се продава две генерации постар модел за пола цена од таа што не е реално.
Јас не ја дискутирам огласената цена. Можеби е висока, но можеби и не, ако нов Спортаж стигнал до 25.000.
Пазарот ќе си каже, но никако набавната цена бидејки не е ист пазарот како пред неколку години.

Ете, колку според тебе би требало да се продава i10 11 години стар, 2 генерации постар модел, ако се знае дека се продаваа за 7.500 евра?

Колку за ориентација скоро се продаде една од 2013 огласена на форумов за 4000 евра.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #24 на: 14 Ноември 2022, 00:30:52 am »
Лошо е што работиве ги гледаме во пари а не сметаме дека парите помалку вредат и дека флуктуираат како валута. Воопшто не е битно колку е купена колата во денари/евра. Битно е со тие денари/евра дали може да се купи сега исто па да речеме дека половните се кренале, а неможе, значи не се кренале до толку. Едноставно референтната вредност е друга.

Во 2009 една другарка зема нова Ибица СЦ 1.4 Стајл со доплата за црвена боја и 16 бандажи за 12.000 евра. Сега за тие пари нема ни АП.

Еве и директна споредба за Леонот, сегашниов Леон е со фактурна вредност за 39% повисока него ли Леон 2.0 ТДИ Стајл купен во 2014 год. Сега и во опремата има разлика и се ама пак да ја ставиме таа опрема и менувач разликата нема да е помала од 20% во денарска противредност.

И А5-кава моментално вреди според Шваке повеќе од што ја купив јас, а и давачките кај нас се водат спроед тоа па и давачките за истата се поголеми, а 2 години ја возам. Ама и да ја продадам за тоа што вреди повеќе, пак со тие пари можам да купам некоја слична зошто толку вредат секаде.

Тоа е тоа, и на моја голема жалост такви се работите.

If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #25 на: 14 Ноември 2022, 00:59:37 am »
2018 година 23800 евра ми нудеа во Јосифов, Суперб нов, со солидна опрема. Со некој дури и разговарав тука, не се сеќавам со кој беше.

2020 година Октавијата ја зедов за тие пари.

Сеа Суперб (малтене истата кола) под 30К нема, а нема ни Октавија испод 25К.

Да.не праам муабет дека Тојота 19999 евра ја продаваа 2019 актуелната понуда на Корола караван хибрид. Прееска гледам 26-27К.

Комшија мој пред недела дена ми ја бараше Октавијата, за цена повисока што ја купив (нешто повисока).

Лудило е ама тоа е 20% инфлација

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #26 на: 14 Ноември 2022, 07:58:12 am »
Ај намалете со препукувања, понудата 4000 стои, ако давате повеќе пишете
Преку сила 4.100 давам само затоа што ми е погодена бојата, а и бандашите ми се свиѓаат.
Океј, расипуваш пазар ама ако се откажеш,  нека стои и мојата понуда.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #27 на: 14 Ноември 2022, 08:11:31 am »
Нов Спортаж не може да се купи испод 27к евра.

Тој што го гледате 25900 го нема на лагер и не може да се порача по таа цена.

Спортаж може да се купи во само во она ниво на опрема и мотор што го има во фабрика како лагер.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #28 на: 14 Ноември 2022, 08:19:50 am »
Нов Спортаж не може да се купи испод 27к евра.

Тој што го гледате 25900 го нема на лагер и не може да се порача по таа цена.

Спортаж може да се купи во само во она ниво на опрема и мотор што го има во фабрика како лагер.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Со сите е така.

Наведените цени најчесто се само маркетинг трик. Кога ќе ги прашаш, ќе ти речат не носиме со таква опрема, освен ако сакаш ти, ама ќе чекаш Х месеци...

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Услужен оглас Kia Sportage 1,6
« Одговори #29 на: 14 Ноември 2022, 09:19:48 am »
Киа не ти ни кажуваат дека ќе чекаш. Моменталната ситуација таму е "Може да стигне, ама веројатно нема". Веќе имаат откажано неколку возила кои фабриката решила дека нема да ги склопува. Фабриката им пушта по X број на возила во месецот, некогаш не се ни двоцифрен број. Тоа што ќе им го пуштат тоа може да се купи.