Автор Тема: Bmw E39 525i 2002  (Прочитано 7118 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Bmw E39 525i 2002
« на: 30 Април 2022, 19:33:32 pm »
Ајде да ја представам и новата количка.. После генералното разочарување од е60 решив да го дадам и да земам некое или евтино или па да ми прави мерак.. Пробував барав све и свашта минатиов месец од голф 4, фиеста, пассат б6, ауди а3 а4, мерцедес е класа w210.. Одавде оданде ми излезе оваа е39ка иако не беше на оглас успеав да ја земам..

Bmw e39 525i 2002 година редизајн модел со поминати 210.000км со целосна сервисна книшка.. До пред 5 години колава била на дипломатски таблици од германска амбасада, а јас ја земав од вториот газда..

Од опрема има стандард што може да има е39 плус
-Целосен М пакет, М подвозје, М внатрешност..
-18ки rondell 0058 бандажи сега средени, полирани венци 8.5ј и 10ј назад со нови фулда гуми напред 235/40/18 а назад 265/35/18..
-Андроид оем мултимедија со све и свашта на неа..
-Gewinde нови амортизери со штелување
-Плински уред ловато монтиран пред 2 години
-Би ксенон фарови додадно преправани
-Преден strut bar
-Полукожни седишта со грејачи
-Сончев кров
-Паркинг сензори
-Вграден mod light (welcome home, leaving, cornering lights и друго)

....

Сега за сега само треба да најдам некој украс за на издувот сакам да наместам, предниот браник да се среди има мало дупче на левиот дел веќе е закажано..

Еве и неколку слики..






« Последно менување: 02 Мај 2022, 20:20:08 pm Бузуки »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #1 на: 30 Април 2022, 19:38:49 pm »
Честитки. Фино изгледа.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8118
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #2 на: 30 Април 2022, 19:43:14 pm »
Ау ау ау...

Порнич на Карклуб.
Одличен избор на мотор, вака личи на сочувана.

Соодветниот волан, седишта и дисплеј.
Комплетно убав пакет.

Со здравје да се вози мрсотава.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54969
  • Махер
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #3 на: 30 Април 2022, 20:14:17 pm »
Првата слика како да е од друга кола, тие надоле се ужас. Јас би ги тргнал да не ја гнасат темава. А после миење и на сонце ќе ставиш нови нормални слики како првата.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6728
  • Бенве сие бенве
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #4 на: 30 Април 2022, 20:35:26 pm »
Дени, дај една тема да видиме шо возиш, уз тоа ќе видиме и како треба да се слика кола.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен gtiT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 171
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #5 на: 30 Април 2022, 20:51:03 pm »
ууу љуто 8) . Со здравје да се вози

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #6 на: 30 Април 2022, 21:03:32 pm »
Убав примерок си начекал. Со здравје да се вози. Што не ти се бендиса кај е60, пиша си бил разочаран.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6837
  • French diamond
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #7 на: 30 Април 2022, 21:14:13 pm »
Добар бандаж и соодветна висина е многу важно   :) Туку ти ги полираш овие колите или така ги купуваш ?  ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7061
  • хаУс мајстор
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #8 на: 30 Април 2022, 21:15:32 pm »
Од Душан е оваа?
Колата е џам. Со здравје да си ја возиш.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #9 на: 30 Април 2022, 21:39:53 pm »
Mashalaa
Sozdravje da si ja vozis. Nego so tablicive imas li nekoe sopce za izdavanje vo Ohridon :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #10 на: 30 Април 2022, 22:58:11 pm »
Постара, ама поубава. :)

Честито!
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34090
  • Таков е животот... јебига
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #11 на: 30 Април 2022, 23:16:27 pm »
Базуки, циркузи.
Али чим ти прави мерак, макар и Мујо и Хасо било, шибај мајсторе.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20111
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #12 на: 01 Мај 2022, 00:34:09 am »
Што те разочара Е60 толку?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #13 на: 01 Мај 2022, 00:55:44 am »
Фала на сите дечки.. Да си купите што ќе посакате :)

Е60 во споредба со конкретнава е39ка е доста понеквалитетна кола, како надворешно така и внатрешно.. Евтини излитени пластики, внатре крцка, положбата за седење чудна некако не ми лежеше..
Во вожња е60 е доста покрута, топка по нерамнини а сепак понестабилна.. Исто така и мнооогу побучна поготово на мали брзини..
Потрошњата на е60 градска нафта (80ден) беше околу 12, отворено 7.. Додека на ова градска плин (49 ден) е околу 14 а отворено 8...
А да, одржувањето е доста поскапо и доста покомплицирана машина (автоматик, дизни, црева, вакуми, интркулер, турбо, пумпи, егр, дпф..)

Добар бандаж и соодветна висина е многу важно   :) Туку ти ги полираш овие колите или така ги купуваш ?  ;D
Е60ката јас ја полирав.. Оваа така е земана, ќе ја полирам летово само фино..


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34090
  • Таков е животот... јебига
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #14 на: 01 Мај 2022, 01:31:07 am »