Пред некој ден го извадив задното тркало и случајно ги погледнав плочките, едната што е од наворешната страна беше нешто повеке од половина а таа што е од внатрешната страна на тркалото скроз на нула, а уште на почетокот на летото бев на мајтор да ми ги смени затоа што ми беа купени уште от кога ја купив колата , ама мајсторот беше во гужва и кажа дека слободно може да се вози уште 20-30 000км , што и е во ред само и двете да беа исти.
Го најдов алатот за да можам сам да ги сменам затоа што беше сабота и никој не работи, ја извадив клештата и имаше што да видам . При монтажата од некој мајстор најверојатно во Италија воопшто не обрнал внимание на жлебот кој е на плочката и жлебот на клипчето и ги составил како му се паднало, со самото тоа рачната кочница која што е автоматска а има и "hilholder" честопати не вракала а и не притискала како што треба и најверојатно затоа внатрешната плочка пребрзо се потрошила.
Друг симптом поврзан со ова беше тоа што при тргнување со рачна не отпуштаа двете тркала истовремено а честопати и испуштаа непријатни звуци , ама мислев дека треба да се наштелува нешто.После промената се си досде во ред
Едното од злебчињата на клипчето треба да е во правец со цртичката која е на кукиштето
Успат ги истругав дисковите каде што лежи бандажот и ги офарбав со црн спреј што држи висока температура за да не заглавува бандажот на прстенот само промашена бојата, а и шепата треба да се изработи за да биде како што треба а и бандазите да ги исчистам . Само треба да земам специјален спреј за таква работа.