Кабриолет во Скопје...
Застануваш на 40 степени на семафор, сред лето...фризурата средена, цвикерата ставена, парфемот аплициран, се сунчаш во кола и:
1.Од лева страна меѓу ленти имаш моторџија кој пати од нервни тикови на раката поради кои мора отсечно да го рева моторот во место.
2.Од десна страна имаш приватна 22-ка од прошли век која грофта во место и од која не можеш ни радио ни телефон да слушнеш.
3. Пред тебе имаш Голф 4 ТДИ кој на прво шалтање во прва те остава во канцероген облак од чад.
Секако тука е и субјективниот момент каде секој пешак, велосипедист, старо купуем моторче и патник во ЈСП ти го гледа "суратот" ( некому ова не му смета, па оттука субјективен), како и објективнот кога ќе мораш со другар да отидеш до некаде во отворен кабриолет.....значи...двајца машки во кабриолет..отворен...you get the point.
Иако последново не важи ако си женско, моето мислење е....
You are welcome.