Правен ни е муабетот, 1000 пати, дека во РСМ, нешто и да си спремен да го платиш и поскапо, неретко не добиваш тоа што си платил. А да не заборавиме дека треба и к'смет да се има, и се тоа да се заврши најбрзо што може.
А и плус, сите си го ценат своето, без разлика на тоа дали навистина вреди. Ме потсети на еден муабет...
Чекам ред за перење кај другаров, он си работи, пере и чисти внатре еден Фокус караван. Газдата на Фокусот стои тука, и му објаснува "јас ного га чувам и одржавам коолта", вака, онака, предавање му држи (од Струмичко негде беше). Ај од надвор, не обрнав внимание, ама внатре беше РОС-КОП. Другаров му вика "бате, ти ако одржаваш кола, оди дечкото нека ти ја отвори неговата, види ја", покажувајќи накај мене.
Што е поентата - ќе ти ја испофали на оглас, ќе ти ја испофали по телефон, чисто нова, ЦХ... Оди таму, катастрофа. А цената, 400-500 евра над просечната. И тоа он убеден е дека колата е во топ состојба и дека вреди секој денар, во смисол - не со умисла да те ебне, како препродавачите, туку тој стварно така мисли.
Затоа реков дека тешко се наоѓа добар примерок. Клучна е перцепцијата и намерата на продавачот.
Со зејтин немам работа.
