Автор Тема: Мислење за Honda Jazz  (Прочитано 22181 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Мислење за Honda Jazz
« на: 22 Март 2021, 13:46:18 pm »
Некое време веќе разгледувам половни автомобили, триста комбинации свртев ама бидејќи не е автомобилот за мене, морам да барам тоа што и се сфиѓа на таа за кого автомобилот е наменет.

Разгледувам Хонда Џез 2010-та година, половните се околу 4500 евра со над 200к км, исклучиво бензин кој ќе оди на плин.
Дали некој има искуство со бензиските мотори на Џезот, претпоставувам истите одат и во Сивик, како е одржувањето, и слично.

Имам веќе и понуда за модел купен и одржуван во Макпетрол со 250к км, што делува многу ама ако е правилно одржувана веројатно нема да е проблем да изгура уште 100, 150к км.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13472
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #1 на: 22 Март 2021, 16:20:09 pm »
Не би требало да имаш проблеми со било каков Хондин мотор, дали бензин, дали дизел. За плин знам дека се осетливи и треба таква капалка да ставаш. Е сеа кај Џезот колку што знам има 2 типа бензинци. 1.2 и 1.4.

1.4 влегуваше и кај Сивикот.

Од она што знам, едино не гледај CVT како се викаше тоа i-shift дрн дрн. Викаат не бил добар.

Од плацевите што гледав, посебни вакви коли, гледај други работи. Отвори кај резервното дали била слупана од назад, напред роговите, такви ствари.

Градски возила се овие и малтретирани и дробени се. Гледај да не има вода, особено вака како што врне времево гледај ги убаво дали имаат некакво течење, мувла, влажни теписони...

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #2 на: 22 Март 2021, 16:39:59 pm »

Мене ми ја нудат од макпетрол, поточно за сестра ми барам. Не знам точно ни кој мотор е, ќе ми кажат вечер, возена од нивни вработен, што значи службена,  одржувана кај нив.

Малку е висока цената, 4500 евра за кола со 250к км, ама ќе видам што е правено од сервис, ланче/каиш, ламела со потисна,  ако е тоа скоро правено мислам ја оправдува цената.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #3 на: 22 Март 2021, 17:08:25 pm »
Нема ефтина Хонда.
Таа со 250.000 ако се одржува 500.000 без проблем ке направи.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2582
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #4 на: 23 Март 2021, 00:08:49 am »
Honda e Jazz e top auto i e made in japan.
Ako e odrzavano milion kilometri nemaat gajle.

Pozelno e da ne e veke konvertirano na plin, deka neznaes koj i kako go montiral i nasteluval smesa i kako e vozena kolata pa moze da dojde do ostetuvanje na ventilite ili lezisteto na ventilite-glavata.

Kako nova sekogas bila so jaka cena, okolu 16k uste na vremeto.
Ima zasto...

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #5 на: 23 Март 2021, 01:29:38 am »
Ќе се види колата деновиве,  знам дека хонда бензинските мотори генерално се одлични,  али пак би одел со резерва малце бидејќи 250к се поголема километража.

Нема плин колата, ако се зима ќе се монтира во макпетрол. На нет слабо наоѓам чести проблеми со моторот, мењачот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #6 на: 23 Март 2021, 02:20:44 am »
Не е само до моторот, 250к има поминато целата кола, што значи ќе откажува предница, подвозје, корозија, пластични делови. Јас не би ја платил толку скапо со таа километража и не би ставал плин, ќе ја расипеш колата.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8000
  • Малерозен дрводарец
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #7 на: 23 Март 2021, 04:51:01 am »
Ангеле, брате, ич не ми е да ти врнам на парадата,
ама има коли за 5 бона 5-6 години понови со 5-60.000 поминати. :)

Знам дека дизајнот е субјективен, ама ти како батко исто така објективно можеш да препорачаш нешто подобро и поново?
Само презентирај го планот за идни трошоци и нормално, натерај нека проба некој Mii или Up! па да видиме колку е досаден сиот то Џез. :D
Двеста на сат
По нелегален пат

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13472
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #8 на: 23 Март 2021, 09:05:15 am »
Најбрза кола на дупки е службена кола :)

Жалосно е ова што се случува на пазарот, ама вака никогаш не било.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #9 на: 23 Март 2021, 09:52:59 am »
Слободно давајте предлози,  буџетот е 5к макс со плин, се преферира бензинец за да се избегнат проблеми со ДПФ, репарација на турбини и слични работи бидејќи планот е да се вози на долг рок.

Првично и го кажав на Дени возилото,  ама не и се допаѓал моделот, и тука завршивме 😂

Инаку од тоа што гледав тешко за 5к мала километража,  единствено пежо 207 ца најдов со 80к км но сменети се фаровите, плинот е така аматерски наместен во некоја локална работилница,  и сопственичката не знае ништо за возилото,  или така и одговара да кажува.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10036
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #10 на: 23 Март 2021, 09:55:05 am »
Изгледа малку сум заглавен во периодот од пред 5-6 години кога ненормално беше да фукнеш 4.500 за 11 години стара кола од тој сегмент, па макар била Хонда, згора бензинец без плински уред.

Ама па и новиве коли збеснаа со цените споредено со цените од тој период.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4920
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #11 на: 23 Март 2021, 10:00:18 am »
Гледај некоја киа сид за тие пари,, ќе ти останат пари и за сервиси и за плин.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #12 на: 23 Март 2021, 10:00:45 am »
Изгледа малку сум заглавен во периодот од пред 5-6 години кога ненормално беше да фукнеш 4.500 за 11 години стара кола од тој сегмент, па макар била Хонда, згора бензинец без плински уред.

Ама па и новиве коли збеснаа со цените споредено со цените од тој период.

За жал така е, и што најмалце ми се допаѓа премал е изборот на бензинци, додека дизели има куп особено од увоз.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10036
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #13 на: 23 Март 2021, 10:28:05 am »
Мој колега полани купи Јарис без плин од 2000та за 2 бона, барем така кажува :)
Нормално, како за 20 годишна кола си бараше инвестиција.
Не се сеќавам со колку км ја зеде, но околу мотор не чепкаше, односно правеше голем сервис, средуваше кочници, сајла за рачна, нови гуми, и нешто околу предница.

Мислам дека километражата на моторот не е некој голем проблем, барем со колите што ги возев, само редовно мењав уље.
Само гледај да не е утепана во сообраќајка, боље да нема плинче, ќе си ставиш по твој кеиф.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Мислење за Honda Jazz
« Одговори #14 на: 23 Март 2021, 11:34:49 am »
Мој колега полани купи Јарис без плин од 2000та за 2 бона, барем така кажува :)
Нормално, како за 20 годишна кола си бараше инвестиција.
Не се сеќавам со колку км ја зеде, но околу мотор не чепкаше, односно правеше голем сервис, средуваше кочници, сајла за рачна, нови гуми, и нешто околу предница.

Мислам дека километражата на моторот не е некој голем проблем, барем со колите што ги возев, само редовно мењав уље.
Само гледај да не е утепана во сообраќајка, боље да нема плинче, ќе си ставиш по твој кеиф.

Секоја кола си бара одржување, хондава е со направен голем сервис и мал сервис вклучен во цената. Плин ако се мести ќе се мести во макпетрол или плимонт.

Единствено што е така негативно е големата километража,  позитивно цело време сервисирана во овластен сервис со оригинал делови (претпоставувам) и сервисна историја во макпетрол.