Автор Тема: Помош при избор - Шкода јети  (Прочитано 1716 пати)

Отсутен MB

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Помош при избор - Шкода јети
« на: 01 Март 2021, 21:36:02 pm »
Здраво колеги,

Веќе подолго време гледам половно возило за мене и некако тешко се одлучувам.
Благодарение на членот @loopz кој ми препорача јети, не само што ми препорача туку и ми стана омилено возилце ;D и сега само јетковци барам по огласи.

После неколку месеци потрага и неколку понуди на јетковци со нереално ненормално високи цени на нашиов пазар, налета еден домашен https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3870703

Со оглед на тоа дека се изначитав добри коментари за стариот модел, за фејслифтов немам информации како се покажал како половно возило. Го гледав овој од огласот, изгледа зачуван и ок според километража и години.
При возење преку лежачки или нагло кочење нешто крца на предница, наводно гумици на балансштангла било, али не се разбирам.
Као да не сакаше да влезе во 3та брзина кога ја нагазував, од втор обид влегуваше без мака, тоа малце ме загрижи.
Гумите не беа нешто.. али ќе изодат уште следна сезона.
Друго не приметив.

Со опрема е тапа, active верзија е, не е ambition како што пишале.

Друга опција као да немам моментално, гледам и нисан кашкаи 2014-, али доста непознат за мене како производител/модел.
Тигуановци, некако држат цени...


Тоа е тоа, ајде клабери, ве очекувам со мислења за јетито. Тешка е одлукава за јетиво, ту би ор нот ту би  ;D
Однапред благодарен :)
« Последно менување: 01 Март 2021, 21:41:30 pm MB »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7995
  • Малерозен дрводарец
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #1 на: 01 Март 2021, 22:08:04 pm »
Исто километри имаме, ама различни тркалца.

Со овие, може трпело повеќе на удар од нашиве нѝ прекрасни улици.

Добрата страна е што за тоа крцкање нема да дадеш многу пари.
Пред 3-4 дена менував 2 стабилизатори, тотал 5300 со работна рака.
Ама добро имав удрено во тротоар, баш тропаше на возење...

Ако ова крцкање што го кажуваш не е премногу изразено ондак подобро ја чувал од мене. :))

За моторот види што ќе кажат батковците тука, дали од таа година 2.0 TDI е добра идеја.
Другото, не му се секирај многу...
Двеста на сат
По нелегален пат

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10033
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #2 на: 01 Март 2021, 22:19:07 pm »
10 бона за 7 години старо Јети при што не сака да влезе во 3та брзина?!

Југото со шантрав шалтер мижејки влегуваше во 3та :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7995
  • Малерозен дрводарец
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #3 на: 01 Март 2021, 22:25:04 pm »
Сум скокнал цел ред, а?

@MB како не сакало да влезе... како, постојано тоа се случуваше?

Различен е малку менувачот од други коли (од сите 5 што сум ги возел :D)
Мене ми требаше навика да стегнам во почетокот, ми беше некако "коцкасто" ептен :D

Ама ако е некој проблем со менувачот, е тоа веќе звучи заебано, да.
Двеста на сат
По нелегален пат

Отсутен MB

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #4 на: 01 Март 2021, 22:36:42 pm »
Да, не дека беше чуден менувачот, ама доста мек при шалтање барем од мое искуство.
Кога шалтав полека не осетив проблем.

Нагазив 2 пати со брзо шалтање, е тогаш не сакаше да влезе од прва, на втор обид си влегува...
Знаеш како кога колата не ти дава од голема брзина да ставиш во прва, така нешто осетив.
Враќам назад лер и одма пак 3та и си влезе.

Сега се преиспитувам дали лошо шалтам, али не возам првпат кола ;D
ми иде утре пак да му одам. цц

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7995
  • Малерозен дрводарец
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #5 на: 01 Март 2021, 22:43:20 pm »
Или нешто грешка правиш или нешто не е добар системот. :)

Кај живееш, да ти донесам болидов утре за споредба?
Двеста на сат
По нелегален пат

Отсутен MB

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #6 на: 01 Март 2021, 22:57:25 pm »
Могуче е и јас нешто да грешам, ама па 2 пати исто...
Утре пак ќе го барам мора уште еднаш да го извозам.

Фала лоопз, мислам нема потреба да те мачам - исто како да си го донел  :)

Отсутен MB

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #7 на: 01 Март 2021, 23:54:35 pm »
Остајте тоа мењачот ;D , ќе го пробам утре пак.

Него.. друго мислење за моделов, моторчето, искуства.. на што да се внимава итн?

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #8 на: 02 Март 2021, 00:10:52 am »
Одличен мотор, одлично возило, единствена мана му е малиот багажник.

Конкретното возило е Ambition без дополнителна опрема така што таман си пишале на огласот. 99% сум сигурен дека е возено од една агенција за обезбедување, така што проблемите кои се наведени не е чудно да не се единствени, имајќи во предвид како тие возила се возат.

Yeti како модел држи ненормално цена, цената на конкретниот оглас за возилото е секако превисока.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7995
  • Малерозен дрводарец
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #9 на: 02 Март 2021, 00:13:57 am »
Само да не се Никоб :)))

А зошто превисока цена? Би рекол дека треба да се намали, ама не премногу.
Та Гољф од истата година е поскап на оглас, а може вода да му носи :))
Двеста на сат
По нелегален пат

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #10 на: 02 Март 2021, 00:16:55 am »
Па баш поради претходните корисници на возилото мислам дека и цената е превисока. Вакво Yeti, со нешто плус опрема и црна боја се продаде лани за 9000 евра.

П.С. И Гољф не е тоа што беше :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен MB

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Помош при избор - Шкода јети
« Одговори #11 на: 02 Март 2021, 06:42:48 am »
Одличен мотор, одлично возило, единствена мана му е малиот багажник.

Конкретното возило е Ambition без дополнителна опрема така што таман си пишале на огласот. 99% сум сигурен дека е возено од една агенција за обезбедување, така што проблемите кои се наведени не е чудно да не се единствени, имајќи во предвид како тие возила се возат.

Yeti како модел држи ненормално цена, цената на конкретниот оглас за возилото е секако превисока.

Фала за мислењето!
Хм, ме замисли ова со агенцијава. Можеш да споделиш малку повеќе инфо?
Човеков што ја продава е некој "трговец" што чепка ситно по некоја кола и не е првиот газда, наводно направил трампа и ја огласува после 1 недела.

Со "вистинските" газди не сум зборувал, па ако споделиш инфо би бил многу благодарен.
Сепак службените возила се некако х2 истрошени повеќе од колку што е нормално за наведените години/км.

За цениве некако немам претстава пошо и ги нема по огласи. Стариот модел го има кај нас по огласи и со повисока цена  ;D луда работа.