Автор Тема: Додавање на AUX на Audi фабрички радија  (Прочитано 2383 пати)

Отсутен iDiesel

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Додавање на AUX на Audi фабрички радија
« на: 02 Јануари 2021, 14:39:32 pm »
Здраво.

Не сум активен на форумов ама постирам чисто ако на некој можам да помогнам со моите постови.

Имам Audi A4 B6 со фабричкото радио (Concert). Презадоволен од звукот. Сметам дека ниту едно афтермаркет радио во ранг до 100 евра ќе извади така солиден звук. Дополнително возилото има и фабрички вграден вуфер вграден во задната клупа кој е контролиран од самото радио, па секој кој планира да замени радио би бил изложен на дополнителен трошок за модул за вуферот.

Да прејдам  на темата.
Овие радија се со прилично ограничени експанзиони можности кога се работи за AUX, УСБ и сл. Немаат!
Кај повеќето радија лесно може да се инјектира аудио сигналот а радиото да го лажете со CD со снимена празна трака, но не и кај овие (освен ако немате CD Changer). Во тој случај монтажата на AUX е прилично едноставна.

Значи, фактичката ситуација е радио, без CD Changer со само можност за FM радио и CD.
По кратко истражување на интернет, најдов емулатори кои се врзуваат на задниот приклучок за CD Changer но чинат по 50-60евра и плус треба да ги порачам од странство.
Со оглед на моите познавања од ардуино, најдов комплетно решение со програмирање на ардуино кое ќе биде во комуникација со радиото и ќе симулира дека на него е приклучен Changer.

1. Најпрво, извадете го радиото. На задната страна ќе го сретнете овој интерфејс



Тука се прикажани трите пина на кои ќе треба да извадите приклучоци за AUX-от. Ова е лесниот дел. Можете да го направите од страната на конекторот, а можете и да го отворите радиото и директно да се врзете на плоча како што јас направив
2. Пронајдете ги останатите пинови според шемата и залемете конекции до секој од нив



3. Набавете ардуино (UNO, Nano или било кое ардуино со AT Mega 328 чип)  !!! WEMOS или било кој друг модел со ESP8266 не работи (користи различна синтакса)



4. Симнете Arduino SDK. Најдете ја плочата, подесете на која порта ви е поврзано ардуиното и потоа компајлирајте и аплоадирајте го овој код https://my-files.su/6mk3q3



5. За крај, земав една пластична кутија и на неа направив отвори за AUX 3,5mm приклучок, и дополнително женски RJ45 конектор со цел да можам овој модул лесно да го отстранувам.




6. Пробано, монтирано и функционира одлично! Плус му закачив на AUX-от еден bluetooth audio receiver и сега си имам bluetooth На фабричкото audi concert радио.





Поздрав.
Ако се наоѓате во возило кое се движи со брзина на светлината, што ќе се случи кога ќе ги вклучите светлата?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6091
  • 69
Одг: Додавање на AUX на Audi фабрички радија
« Одговори #1 на: 05 Јануари 2021, 10:59:25 am »
Одличен проект, одлично објаснето.
Мене искрено многу ме радуваат овакви модификации. Штета што кај нас има многу малку ентузијасти.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Одг: Додавање на AUX на Audi фабрички радија
« Одговори #2 на: 19 Јуни 2021, 20:42:23 pm »
Одлично , и јас сакам на мојот Ауди со фабричко радио ама Chorus е ,за жал немам електронско познавања и ќе најдам друго чаре

Sent from my Samsung Note 20 Ultra 5G SM-N986U using Tapatalk